молци во облека

Со природни средства против молци во плакарот

Важно е да знаете дека ларвите на молците се криви за уништување на вашата облека и појавата на дупки на памучните, свилените, волнените или синтетичките алишта. Ако по отворањето забележите молци во плакарот, време е да преземете мерки и тоа со природни средства. 

Ако се појавиле молци во плакарот…

Ако забележите молци во плакарот, извадете ја цела облека и исперете ја. После сушењето, кое е пожелно да биде на јако сонце или во машина за сушење, добро испеглајте ја. Молците може да ги уништите доколку облеката ја оставите некое време во замрзнувачот. Во плакарот инсталирајте флуоресцентна сијалица, затоа што молците сакаат мрачни и влажни места.

Размислете и за купување на одвлажнувач на воздухот, затоа што молците сакаат влага, а вашата цел е да создадете средина која не е поволна за нивниот развој.

молци во плакарот

Природни средства кои ќе ви помогнат при појава на молци во облеката

Отровите против молци, не се баш безбедни иако се ефикасни. Содржат хемикалии кои предизвикуваат загриженост кај многу медицински лица. Затоа е најдобро да ги победите на природен начин.

Кедарот, покрај лавадната е еден до најдобрите природни непријатели на молците. Облеката чувајте ја во плакари од кедар или пак набавете си закачалки од кедрово дрво. Покрај тоа во платнени вреќички може да ставите парчиња кедар или да ги попрскате со масло од кедрово дрво. Вака направените вреќички поставете ги во плакарот, за да ги одбиете молците.

Во плакарот може да поставите и памучни топчиња натопени со масло од лаванда, а може да ви помогнат и маслото од каранфилче, лаворов лист и цимет.  Може да направите вреќички наполнети со каранфилче, цимет и лаворов лист и да ги поставите низ облеката.

Меѓу билките кои се природни непријатели на молците се и: нане, мајчина душица, рузмарин…

Изберете ја вашата омилена билка, отстранете ги молците и освежете ја облеката!

Ви предлагаме да прочитате: Ослободете се од непријатниот мирис на облеката.

Сподели: