Специјална мешавина од зачини за вкусно тако 1

Специјална мешавина од зачини за вкусно тако

Домашно и совршено! Прелистувајќи ја нашата веб страна, наидовме на рецептите за тако и забележавме дека зачините се важен дел од постапката за најдобро домашно тако. Малку истражувавме и пронајдовме рецепт како сами да ја направиме посебната мешавина од зачини за вкусно тако, која е наменета за подготовка на тортиљи и други мексикански специјалитети.

Мексиканските јадења стануваат сè помодерни во нашиот регион. Ако и вие сте љубители на овој сцепијалитет, ви препорачуваме да го пробате рецептот за мексиканско тако со домашни тортиљи. Ако сакате да доловите баш специфичниот мексикански вкус, искористете ја оваа специјална мешавина од зачини.

Специјална мешавина од зачини за вкусно тако 2

Потребни состојки:

  • 1 лажичка чили во прав
  • 1 лажичка мелен кумин
  • 1 лажичка лук во прав
  • 1 лажичка црвена пипер
  • ½ лажичка оригано
  • ½ лажичка кромид во прав
  • ¼ лажичка сол
  • ¼ лажичка црн пипер
  • ¼ лажичка ситно мелена пипер
  • 1 лажица брашно (не е неопходно).

Начин на подготовка и чување:

  1. Како што можете да претпоставите, сè што треба да направите е да ги измешате овие зачини и да ја ставите мешавината во мала стаклена тегла со херметичко капаче.
  2. Вака подготвениот зачин може да трае и до 6 месеци.

Совет плус: По своја желба и вкус, во наредните подготовки можете да го измените соодносот на состојките и сами да ја прилагодите количината на зачините. Можете да ставите помалку од зачините кои не ги сакате, а да додадете повеќе од оние кои ви се допаѓаат.

Ви предлагаме да прочитате: 8 зачини кои го забрзуваат метаболизмот.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: