спирулина за убава кожа

Д-р Нела Деспотовска советува: Спирулина – супер храна и помош при акни, егзема и псоријаза

Се нарекува супер храна и е една од најхранливите намирници на планетата! Спирулината е сино-зелена алга, која има бројни придобивки за здравјето. Кои се придобивките за кожата? Дали може да помогне при акни, егзема и псоријаза? – На оваа тема поразговаравме со Д-р Нела Деспотовска.

Спирулината е позната е како храна на иднината. Содржи комплетни протеини, сите есенцијални аминокиселини и омега-3 масти, богата е со многу нутриенти, вклучувајќи ги витамините Б и железо. Благодарение на овие состојки, спирулината е супер надополнување на рутината за нега на кожата. Се препорачува да се користи при акни, псоријаза и егзема. 

спирулината е супер храна и за кожата

Спирулината како помош при третман на акни

Спирулината е богата со антиоксиданси и има антимикробен ефект. Тоа ја прави одлична замена, наместо локална антибиотска терапија кај лицата кои се соочуваат со акни. Една студија од 2020 година, посочила дека аплицирањето на крем кој содржи спирулина на кожата може да биде добра опција кај лицата кои имаат проблем со акни. Наша препорака е Hawaiian Spirulina. Hawaiian Spirulina е достапна во форма на таблети и во прав. Во понатамошниот текст ќе ви откриеме како може да ја користите спирулината во прав за нега на кожата. 

А ако имате проблем со акни, ви препорачуваме и пантотенска киселина, која сега може да ја набавите со 60% попуст преку веб продавницата на vitamini.mk како и во аптеките. Има бројни позитивни сведоштва за намалување на акните по употреба на пантотенската киселина во период од 2 до 3 недели.  Повеќе на оваа тема може да прочиташ тука: Д-р Нела Деспотовска советува: Пантотенска киселина против акни – како да се користи за максимален ефект?

Спирулината има позитивни ефекти и при псоријаза

Сѐ уште се потребни истражувања на оваа тема, но една студија од 2020 година покажала дека спирулината помага за намалување на псоријазата кај испитуваните животни. Ова истражување укажува дека спирулината има потенцијал да се развива како дел од природната козметика за третман на псоријаза. 

Спирулината може да се користи и за третман на егзема

Ако повторно ги погледнеме истражувањата, ќе видиме дека една понова студија утврдила дека спирулината може да ги подобри симптомите при егзема кога се нанесува локално два пати дневно во период од 3 недели. 

Домашни третмани со спирулина во прав за нега на кожата

Освен што може да ја користиш како додаток во смути, колачи и други рецепти, спирулината во прав може да се користи и за домашни третмани за нега на кожата.  

маска со спирулина

Маска за лице со спирулина

Состојки:

  • 1 лажица мед
  • 1 лажица Hawaiian Spirulina во прав
  • 1 мала лажичка масло од ноќниче или друго ладно цедено масло (лен, тиква, сончогледово).

Подготовка: Сите состојки измешајте ги и нанесете ги на чиста, сува кожа. Оставете ја маската да делува 10 со 15 минути, а потоа измијте го лицето и отстранете ги остатоците од маската со средство за чистење на лицето. 

Домашен третман за чистење на лицето

Состојки:

Подготовка: Сите состојки измешајте ги и нанесете ги на чиста, сува кожа со кружни движења. Потоа измијте го лицето со вода и избришете со влажна крпа. Со нежни тапкања со сува крпа пребришете го лицето. 

Третман против флеки и црнки на лицето

Состојки:

  • ½ мала лажичка Hawaiian Spirulina во прав
  • ½ мала лажичка јојоба масло
  • 1 капка есенцијално масло од чајно дрво.

Подготовка: Измешајте ги состојките и нанесете ги на лицето. Оставете ја маската да делува еден час. Отстранете ја со средство за чистење и со нежни тапкања со сува крпа пребришете го лицето. 

Hawaiian Spirulina ја има во сите поголеми аптеки во Македонија и тоа во пакувања со различни големини, од 100 таблети, 200 таблети и 400 таблети од 500 мг и во форма на прав. Препорачуваме и да ја разгледате онлајн продавницата на vitamini.mk со разни додатоци, а доставата е бесплатна.

За дополнителни прашања консултирајте се со Д-р Нела Деспотовска на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

*Текстот е овозможен од vitamini.mk.

Сподели: