пластично шише за да затворање на најлонска ќеса

Искористете пластично шише за затворање на најлонска ќеса

На креативните идеи им нема крај! Особено интересни ни се оние кои го олеснуваат секојдневието, а се едноставни за реализација. Пребарувајќи на интернет ја пронајдовме идејата за практична употреба на пластично шише за затворање на најлонска ќеса.

Колку пати ви се случило да ви се истури нешто од најлонската ќеса која не била добро затворена? Колку пати сте направиле хаос во кујната само затоа што ви се истурил шеќерот или оризот? Ние имаме супер решение за овој здодевен проблем. Сѐ што треба да направите е да пресечете едно пластично шише, да го вметнете неговиот врв во најлонска ќеса и да го затворите со помош на капачето. Многу едноставно нели?

Постапката погледнете ја на следново видео и за неколку минути направете си најлонски ќеси со капаче кои се многу побезбедни и попрактични од обичните.

Потребни материјали:

  • пластично шише
  • ножици
  • најлонска ќеса.

Начин на изработка:

  1. Со помош на силни ножици пресечете го врвот на пластичното шише до делот каде што се задебелува. Пресеченото парче треба да има изглед на мала инка.
  2. Вака пресеченото шише ставете го во најлонската ќеса. Врвовите на ќесата извлечете ги низ грлото на шишето.
  3. На крај затворете го шишето со пластичното капаче така што ќе ги потфатите и рабовите на најлонската ќеса.
  4. Тоа е целата постапка, мошне едноставна, а многу корисна. На овој начин може да чувате многу намирници, без притоа истите да примаат непријатни мириси од околината. А, на овој начин тие ќе бидат и многу попрактични за употреба.

Ви препорачуваме да прочитате: Направете држач за мобилен телефон од пластично шише.

Сподели: