Древниот лек, кој од дамнешни години го препорачувале многу доктори меѓу кои и Хипократ е млечната сурутка. Ценетиот доктор Паво Ариола ги советувал своите пациенти да консумираат сурутка, за да бидат здрави и да имаат долг и квалитетен живот. Доказ за тоа е Томас Пар, скромен англиски земјоделец, кој живеел 152 години, а бил познат по тоа што пиел сурутка секој ден.
Нутритивни и здравствени придобивки на сурутката
Течноста која што останува при производството на сирење се нарекува сурутка. Една чаша сурутка има 52 калории, 2 грама протеини, малку заситени масти и холестерол, а добар извор на тиамин (В1), витамин В12, пантотенска киселина(B5), магнезиум, калиум цинк и селен. Карактеристично за сурутката е тоа што во големи количини содржи рибофлавин (B2), калциум и фосфор. Како резултат на одличниот нутритивен состав, сурутката можеме да ја наречеме супер храна.
Овај стар народен лек може да ви помогне при:
- хроничен замор и стрес
- дебелината и голем апетит
- висок притисок
- намален имунитет
- проблеми со стомакот
- црниот дроб
- кандида
- чистење на телото од токсини
Сурутката го штити здравјето на црниот дроб
Сурутката е моќен чистач на црниот дроб, кој е основа за добро здравје. Ако страдате од било какви заболувања на црниот дроб, редовно консумирајте сурутка. Таа е богата со протеинот β-лактоглобулин која го снабдува телото со аминокиселините познати како BCAAs. Експертите потврдуваат овие аминокиселини значително влијаат за подобрување на здравјето и работата на црниот дроб, а на лицата кои страдаат од цироза му помагаат да живеат подобро и подолго. Покрај β-лактоглобулин, сурутката е одличен извор на протеинот α-лактоалбумин. Овој протеин содржи висока содржина на есенцијалната аминокиселина триптофан, која позитивно влијае при несоница и го подорува расположението.
Сурутката е богата со имуноглобулини и лизозоми, кои го зајакнуваат имунолошкиот систем и се многу корисни при хроничен хепатит. Исто така сурутката е богата со аминокиселината цистеин, која му е потребна на организмот за производство на глутатион, кој што претставува моќен антиоксиданс. Глутатионот е особено корисен при проблеми со тироидната жлезда, хронични воспаленија, канцер, склероза и паркинсова болест.
Консумирајте сурутка за повеќе енергија и намалување на телесната тежина
Сурутката треба да биде дел од вашето секојдневно мени ако спортувате, се обидувате да ја намалите телесната тежина, под стрес сте или боледувате од некоја тешка болест. Богата е со електролити кои одлично го хидрираат телото и му даваат повеќе енергија. Таа е основна суровина за производство на протеини, кои во последните години се наметнуваат како дел од исхраната на секој спортист. Благодарение на нејзиниот нутритивен состав, сурутката овозможува побрзо оправување на мускулите после вежбање, го намалува апетитот и го поттикнува слабеењето.
Покрај тоа, поволно влијае при проблеми со варењето на храната, како што се запек, грчеви во стомакот, чиреви или хронични цревни заболувања. Истражувањата покажале дека редовна консумација на сурутка го штити здравјето на срцето, помага за намалување на крвниот шеќер и крвниот притисок.