Сте пиеле кафе? Не брзајте веднаш да го измиете филџанот. Преостанатиот талог од кафе може да биде корисен за вашиот дом, само треба да знаете како да го искористите најдобро.

Можеби некоја од овие употреби на талогот од кафе ви е позната, а сигурни сме дека повеќето ви се нови и ќе можете да ги искористите во иднина. Што сѐ можете да правите со него ќе дознаете од предложените совети во прилог:
- Кафето не само што ги отстранува непријатните миризби, туку и не им допушта да се мешаат меѓусебно. Ставете го талогот од кафето во фрижидер и на тој начин ќе ги отстраните непријатните миризби.
- Доколку вашето куќно милениче, зборот тоалет го сфаќа како нему што му одговара, одвикнете го од лошата навика така што ќе измешате талог од кафе со претходно исушена и измелена кора од портокал, па оваа мешавина поставете ја на местото кое вашето милениче го избира за тоалет.
- Со помош на талогот од кафето можете да ги отстраните гребнатините од површината на вашиот мебел од темно дрво. За да го направите тоа, измешајте талог од кафе со жешка вода и втријте врз гребнатините на мебелот.
- Талогот од кафе помешан со глицерин може да го искористите за бришење на темни работи од кожа. На пример: торби, нараквици, јакни и друго. Едноставно избришете со мека крпа или парче памук потопена во многу јако кафе. Ќе ја воочите разликата.
- Понекогаш новата кожна торба има непријатен мирис. Од него ќе се ослободите многу лесно ако ја посипите со кафе и ја оставите така неколку часа. Оваа опција е погодна само за торби направени од темна кожа.
- Талогот од кафе е одлично ѓубриво за растенијата, кои сакаат кисели земјишта. Такви се ружите, лилјаните, зимзелените дрва. Нахранете ги со талог од кафе, тие тоа го сакаат.
- Кафето одлично ги чисти пепеларите и го елиминира непријатниот мирис. Посипете ја пепеларата со малку кафе, избришете ја со влажна крпа и измијте ја.
- Одлично средство во борбата со инсектите и разни бубачки. На местото од овие непријатели ставете порција со талог од кафе и тие трајно ќе ја напуштат „својата“ територија.
- Талогот од кафе жените многу го користат за разубавување: за пилинг на лицето, пилинг на телото, антицелулитни облоги и слично.