besplatni menija za slabeenje

Бесплатни менија за жени и мажи од нутриционистката Маја – @the healthier you и Подравка

Долг е списокот на задоволни клиенти, односно над 500-тини соработки ја прават  нутриционистката Маја Велковска една од најпознатите во Македонија. Својата експертиза успешно ја нуди скоро 5 години, а веќе неколку години стои и позади инстаграм профилот и веб сајтот – The Healthier You, на кој посветено работи со цел едукација на јавноста за врската помеѓу исхраната и здравјето. Долгогодишното пријателство со оваа позната нутриционистка, ни беше мотивација, заедно со нашите пријатели од компанијата Podravka да се ангажираме и да споделиме грижа и две за вас потполно бесплатни менија – за жени и мажи, кои следат подолу во интервјуто.

– Најчесто резултатите се видливи, веднаш по првата недела. – открива за sezahrana.mk Маја Велковска, нутриционист и диететичар.

мени за слабеење

Зошто пред празници и пред одмори има толкава паника за телото и килограмите, а се чини дека преку целата година свеста е на променливо ниво?

– Сметам дека најголемата грешка која што се прави е тоа што луѓето се фокусираат на килограмите, а не на здравјето. Здравата храна и исхрана, може да биде многу вкусна и забавна, а покрај тоа што ќе ни помогне да се подготвиме за плажа, ќе придонесе и за нашето подобро здравје. Житарките, семките, јатките, житните снегулки, интегралните тестенини, во комбинации со овошје/зеленчук може да бидат доста брза, а истовремено и здрава храна. – посочува Маја.

Од друга страна, тука е и екстремот во спротивна насока. Има и такви кои опсесивно прават рестрикција на исхраната и одат во крајност на претерано ограничување на намирници, што води до нездраво слабеење и истоштување на телото.

– Најчестата изјава која ја давам во разговор со клиентите е: „Подолготрајното гладување и претераната рестрикција на калории, а со тоа и на нутриенти, никогаш не е добра и здрава опција.“ – вели Маја.

Нутриционистката дополнува дека често пати се фокусираме на калориите и ги губиме од вид нутриентите (витамините, минералите, протеините и сл.), а всушност не е можно да внесеме доволни количини од сите потребни нутриенти, при постојани големи калориски рестрикции.

– Забавни и вкусни оброци можете да подготвите и од здрави намирници. Каша со Bio Natura овесни снегулки, чиа семе, O’Plant бадемово млеко и овошје, може да биде многу вкусен, брз и навистина здрав појадок. – споделува Маја.

Што може да помогне за одржување на килограмите за време на празниците?

– Да се внимава на тоа колку калории се внесуваат преку пијалоците и секако умереност во количината на изедената храна. – кажува Маја.

Заедно со Маја и поддржано од Podravka, ви подаруваме 7 дневно бесплатно мени за фит форма на сите девојки и жени.

Кликнете на линкот и зачувајте го менито: Фит предизвик – Жени: неделно мени за слабеење.

Која е тајната за фит тело и добар тонус на мускулите?

– Паметен избор на квалитетни и здрави намирници, и внес на таквите намирници во соодветни количини. Физичката активност секако е незаменлив дел, кога станува збор за дефинирање на мускулите – порачува Маја.

Можно ли е да се одржи форма во подолг период, која е твојата препорака?

Секако дека може, а патот до таа цел е поплочен со точни информации во врска со исхраната и здравјето и со дисциплина во применување на тие информации. – советува Маја.

Тимот кој го создадовме со нашите пријатели Podravka и заедно со нутриционистката, припреми и 7 дневно мени за топ форма на мускулатурата кај мажите.

Кликнете на линкот и зачувајте го менито: Фит предизвик – Мажи: неделно мени за мускулна маса.

мени за мускулна маса кај мажи

Општи правила и насоки при следење на менијата:

  • Салатите треба да се зачинети со 1 лажица маслиново масло, лимонов сок, хималајска сол и зачини. А кога готвите, користете една лажица масло. 
  • Ако слабеете салатите треба да се само од зеленчук, без други додатоци. Ако целта ви е мускулна маса, може да додавате здрави протеини, масти и сложени јаглехидрати како јатки, семиња, сирење, урда, грчки јогурт, мешунки итн.
  • Ако сакате да ослабнете повеќе, ужината се изостава, ако целта е да зголемите мускулна маса, не прескокнувајте ја. Помеѓу оброците може да внесувате вода, билен/овошен чај и кафе без шеќер, мед, млеко.
  • Јадете различно овошје секој ден, а ако сакате здрав десерт, земете 1-2 коцки црно чоколадо, неколку парчиња суво овошје или чаша O’Plant овесно млеко со какао. Менито за слабеење е прилагодено до 1600 Kcal на ден, а изеден десерт ќе значи плус 50-200Kcal.
  • Сите намирници каде не е наведен начин на готвење, се мерат сурови, па се готват (пр. грав, печурки).

Совет плус:

Доколку имате одреден здравствен проблем, ве молиме консултирајте се со вашиот лекар/нутриционист, пред да направите било какви промени во вашата исхрана.

За повеќе информации пратете нѐ на:

 – https://www.facebook.com/PodravkaMakedonija

 – https://www.instagram.com/podravka.makedonija/

Ви предлагаме да прочитате: КВИЗ: Која исхрана најмногу одговара за тебе?

*Спонзорирана содржина.

Сподели: