понекогаш на овој важен орган потребна му е детоксикација. Еве како може да направите тридневен детокс на белите дробови со помош на природни сокови.

Тридневен детокс на белите дробови со помош на природни сокови

Иако секој орган во човечкото тело е важен на свој начин, сепак белите дробови и црниот дроб навистина заслужуваат посебно внимание, бидејќи тие се најголемите чистачи на организмот. Белите дробови со вдишувањето и издишувањето влијаат на филтрација на јаглерод диоксидот, мувлата, токсините и алергените во воздухот, но понекогаш на овој важен орган потребна му е детоксикација. Еве како може да направите тридневен детокс на белите дробови со помош на природни сокови.

Може да ве интересира и: Напиток со јаболков оцет за детоксикација на белите дробови.

Тридневен детокс на белите дробови со помош на природни сокови

Неколку дена пред спроведување на овој тридневен детокс на белите дробови, најдобро е од исхраната целосно да ги исфрлите млечните производи затоа што тие создаваат вишок на слуз во плуќата. Вечерта пред почетокот на детоксот испијте чаша зелен чај за да го поттикнете отпуштањето на токсини од цревата.

Секој ден во текот на овој процес практикувајте ги следниве чекори:

  1. Исцедете 2 лимони и нивниот сок измешајте го со 300 мл топла вода. Испијте го пред појадок.
  2. Со лесен појадок испијте 300 мл свежо исцеден сок од ананас или грејпфрут. Природните антиоксиданси од овие овошја ќе ја поттикнат работата на респораторниот систем и белите дробови.
  3. Измеѓу појадокот и ручекот испијте 300 мл свежо цеден сок од моркови. Така дополнително ќе го алкализирате организмот.
  4. Со ручекот испијте 400 мл природен сок богат со калиум, како на пример од цвекло, магдонос, портокал, банана или домат.
  5. Во вечерните часови, пред спиење испијте 400 мл природен сок од брусница кој ќе дејствува против бактериите во вашите бели дробови.
  6. Практикувајте 20 минутен топол туш како би ги поттикнале исфрлувањето на токсини преку кожата.
  7. Ако ја полните кадата, во водата може да додадете масло од еукалиптус и силно вдишете ја миризбата.
  8. Практикувајте неколку минутно длабоко дишење секој ден како би го поттикнале чистењето на белите дробови.

Ви препорачуваме да прочитате: Напиток од 5 состојки кој ги чисти белите дробови кај пушачите.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: