Денес постојат разни рецепти во кои се употребуваат исклучиво бели лешници, односно се препорачува да им е отстранета внатрешната кафеава лушпа. Подолу во текстот ќе откриете која е тајната и најлесниот начин за најубави бели лешници.

Лешниците се омилените јаткасти плодови на многумина, а препознатливата арома и вкус овозможува тие да се користат на многу начини. Долго време, лешниците се познати и користени не само како храна, туку и како дел од различни ритуали и прослави. Лешниците во својот состав содржат значајни количини на есенцијални масни киселини, многу витамини и минерали. Лешникот се смета за симбол на плодноста и во минатото често се користел како важен детал на свадбените свечености. За користа и здравствените придобивки од лешниците повеќе прочитајте тука.
Бидејќи постојат повеќе рецепти во кои е потребно лешниците да се исчистени од темната лушпа ние ви откриваме кој е најлесен начин да успеете во тоа. Следете ги овие неколку чекори:
- Загрејте ја рерната на 180 степени.
- Лешниците ставете ги алуминиумска тава, при што внимавајте да не ви останала некоја од тврдите надворешни лушпи на лешниците или друг стран предмет.
- Тавата со лешници ставете ја во рерна и оставете ја да стои околу 5-10 минути на таа температура.
- Извадете ги лешниците од рерната и турете ги врз чиста крпа.
- Со помош на крпата тријте ги лешниците и ќе забележите дека темните лушпи излегуваат лесно.
- Кога ќе завршите лешниците се бели, прекрасни и спремни за употреба.