утрински пијалаци

Три утрински пијалаци кои го продолжуваат животот

Дали знаете дека постојат три популарни утрински пијалаци кои поголем дел од луѓето ги пијат наутро, а поволно влијаат на здравјето? Тоа го имаат покажано повеќето истражувања. Еве за што станува збор.

Чај

Едно истражување објавено во списанието Annals od Epidemiology покажало дека зелениот чај го намалува ризикот од срцеви заболувања и прерана смрт. Ова истражување било реализирано од Јапонскиот национален центар за рак, а резултатите покажале дека учесниците во истражувањето кои пиеле по 5 шолји зелен чај на ден имале најмал ризик од смрт предизвикана од срцеви заболувања, мозочен удар или респираторни проблеми.

Друго истражување кое е објавено на сајтот www.news-medical.net покажало дека консумацијата на чај ја намалува смртноста од заболување за 24% во однос на контролната група. Притоа биле опфатени 131401 луѓе на возраст од 18 до 95 години. Според истражувачите, антиоксидансите кои се наоѓаат во чајот се клучни фактори за добро здравје. А кој чај е најдобар? Најголем дел од студиите покажуваат дека зелениот чај и чајот од хибискус се меѓу првите на листата по количината на антиоксиданси. Но доколку ги немате на располагање, практикувајте наутро или во текот на денот да испиете барам по еден чај.

Кафе

Постојат повеќе дилеми дали кафето е здраво или не. Но, едно истражување кое го реализирал Универзитетот Харвард, со времетраење од 30 години и скоро 300 000 испитаници, покажало дека оние кои умерено пијат кафе – живеат подолго. Резултатите се објавени во списанието Circulation и тие докажуваат дека умерената консумација на кафе го намалува ризикот од општа смртност, а особено го намалуваат ризикот од срцеви и невролошки заболувања.

Сигурно се прашувате кој е ефектот на кафето врз здравјето? Како и чајот, така и кафето содржи моќни антиоксиданси кои поволно влијаат врз здравјето. А ако сакате максимално да ги искористите придобивките од кафето, консумирајте го она кое е органско одгледано. Причини? Конвенционално одгледаното кафе спаѓа во групата на растенија кои најповеќе се прскаат за време на огледувањето. Па доколку користите органско, ќе внесете повеќе корисни, а помалку штетни хемикалии.

пијалаци

Вода

Не сте љубител ни на чај ни кафе? Нема проблем! Штом се разбудите, наполнете чаша свежа вода, ставете малку лимон и испијте ја. Оваа постапка практикувајте ја неколку пати во текот на денот. Поголем број на луѓе не пијат доволно вода, а често жедта ја гасат со зашеќерени или енергетски напитоци. Но, тоа не ги задоволува потребите на телото за чиста вода. Кога организмот не добива доволно вода, тој почнува да штеди на излачувањето на урина и црпи вода од невиталните органи, а со тоа се забрзува процесот на стареење. Научниците од универзитетот Лома Линда потврдиле дека лицата кои пијат 5 чаши вода на ден имаат значително помал ризик од фатален срцев напад во споредба со оние кои пијат две чаши или помалку.

Ви предлагаме да прочитате: 12 функции поради кои водата е неопходна и важна за добро здравје.

Сподели: