На многу од нас денот не може да ни започне без филџан црно кафе. Тој магичен црн напиток ни помага побрзо да се разбудиме наутро и ни дава дополнителна доза на енергија во денот. Меѓутоа, кафето освен за пиење може да се користи и во служба на убавината. За тоа се заслужни антиоксидансите со кои овој напиток изобилува. А, уште и ако го искомбинирате со млеко ќе добиете прексрасна утринска маска за лице која ја освежува и подмладува кожата.
За разлика од другите препарати, кафето претставува природен пилинг кој ефикасно ја чисти вашата кожа и длабински продира во порите. Па така, воопшто нема потреба да ги трошите своите пари на скапи производи за нега на кожата, бидејќи оваа маска го постигнува истиот ефект.

Состојки:
- 2 лажички кафе
- обезмастено млеко по потреба
Подготовка и начин на употреба:
- Измешајте ги во еден сад млекото и кафето, така што ќе добиете густа паста која лесно ќе може да ја нанесете на лицето.
- Пред употреба секогаш темелно измијте го вашето лице со вода и избришете го со крпа.
- Така припремената маска нанесете ја на чисто и суво лице и се оставете ја да делува околу 20 минути. Секогаш при нанесување на маската избегнувајте го пределот околу очите.
- На крај, лицето измијте го со ладна вода.
За што е корисно да се употребува оваа маска?
Маската ви дава чувство на мазна и мека кожа после секоја употреба. Кафето ја подобрува циркулацијата и на тој начин ја обновува кожата. Богато е со антиоксидански кои длабоко продираат во порите на лицето и ги чистат. Со употребата на оваа маска вашето лице добива природна заштита од штетните УВ зраци и се спречува оштетувањето на кожата. Но, секако оваа маска не може да ги замени кремите за сончање кои се со фактор и се наменети за таа намена.
Ви препорачуваме да прочитате: Маска од кафе за млада и сјајна кожа на лицето.