Кога станува збор за црвен ориз, клучно што можеме да кажеме е дека изобилува со растителни влакна и има низок гликемиски индекс. Тие својства го прават погодна храна за сите кои настојуваат да го регулираат нивото на шеќер во крвта.
Со оглед на тоа што црвениот ориз е храна која лесно заситува, а не е премногу калоричен се препорачува за честа консумација. Тој е добар извор на енергија од една страна, а и одличен помагач на регулирањето на телесната тежина.

Во кинеската традиционална медицина има посебно место
Спрема кинеската традиционална медицина, низ вековите е познато дека симпатичниот црвен ориз го зајакнува срцето. Исто така, постојат укажувања на тоа дека ја олеснува работата на цревата, а посебно на тенкото црево.
Неговиот состав е таков што го чува нивото на енергија во организмот на завидно ниво. Претставува добар извор на железо и манган, кои учествуваат во изградбата на антиоксидантните ензими. Покрај тоа, црвениот ориз е богат со цинк, кој е важен минерал за правилно функционирање на имуниот систем.
Само една порција црвен ориз содржи 1/5 од дневните потреби за витаминот Б6, кој учествува во создавањето на хормонот на среќата – серотонин. Истражувањата покажале дека редовната консумација на овој ориз може да придонесе за снижување на лошиот холестерол и зголемување на нивото на добриот холестерол во крвта.
Ви препорачуваме да прочитате: Има многу причини зошто да јадете црн ориз.