Чаеви за убава и негувана кожа на лицето

Постојат чаеви кои се корисни и делуваат врз здравјето и убавината на нашата кожа. Сите ние многу пати сме се увериле дека консумирањето на разни чаеви одлично му годи на нашето здравје, а сега ви презентираме кои чаеви се одлични за лицето и прекрасна негувана кожа. Во таков случај шминка не ви е потребна!

Но, стресот и нарушеното лачење на маснотии во пределот на лицето може да ја уништат кожата. На кожата и е потребен природен баланс и детоксикација на организмот, а во тоа може да помогне терапијата со природни чаеви.

Камилица и шипинка

Чаевите од камилица и шипинка кои скоро сите од нас ги имаме во нашите кујни имаат многу добар ефект врз нашата кожа. Чајот од камилица може да се пие секој ден, а покрај тоа може да се нанеси на чиста кожа на лицето, бидејќи дејствува како тоник, ја смирува кожата и ги ублажува потечените очи. Добро би било да го помешате чај од лаванда и рузмарин, и да го нанесете на лицето. Шипинката е полна со витамин Ц, кој е од суштинско значење за имунитетот, но исто така и за здравјето на кожата.

Црвена детелина

Чајот од цветовите од црвената детелина може да се најде во разни мешавини на чаеви за детоксикација. Го прочистува организмот и воспоставува баланс, а исто така, ја прочистува крвта. Има сладок и нежен вкус. Можете да го комбинирате со нане и да го засладите со една лажичка мед. Напомена: Овој чај не смеете да го употребувате доколку сте бремени или пиете лекови против згрутчување на крвта.

Откријте кои чаеви помагаат за убава и негувана кожа на лицето

Овесна слама и зелен чај

Чајот направен од овесни слама се смета за еден од најдобрите пијалаци кои допринесуваат за убава кожа. Поради тоа што содржи витамини Б, А и Ц, тој е одличен за смирување, за намалување на стресот и слично. Се препорачува за оние кои се постари од 30 години и кои имаат акни. Со редовна консумација на овај чај пред спиење, се добива ефект на мазна и подмладена кожа. Добро би било да се комбинира со зелен чај, кој е познат по своите антиоксидативни својства.

Пијте зелен чај

Отстранете ги сите токсични материи од организмот за да го подобрите изгледот на кожата. Еден од најдобрите начини  за детоксикација, кој истовремено помага и за забрзување на метаболизмот е зелениот чај. Тој може да ви помогне за:

  • забрзување на трансформацијата на мастите во енергија
  • го спречува наталожувањето на мастите
  • ги уништува и согорува создадените масни центри
  • го контролира внесувањето на вишокот на скроб, масти и шеќери. 

Овој чај во исто време ја разубавува кожата. Билните екстракти кои ги содржи делуваат на клеточната циркулација и ја прават кожата здрава, мека и нежна.

Корен од чичок, глуварче и ѓумбир

Меѓу коренестите билки, на прво место се издвојуваат корените од чичок, глуварче и ѓумбир. Чајот направен од корен од чичок е одличен против појава на акни. За да ги забележите резултатите потребно е да помине подолго време, но вреди да се проба. Обидете се барем неколку пати неделно да го пиете овај чај во период од неколку месеци, а резултатот ќе биде одличен. Чајот направен од корен од глуварче е добра замена за кафе. За да направите вкусен пијалак кој ќе ви помогне во елиминација на токсините, во чајот додадете малку мед и кокосово млеко.

За најдобар ефект врз кожата, може да се комбинираат корен од чичок и корен од глуварче. Измешајте по една лажичка од секој чај и прелијте со една чаша врела вода. Оставете да стои околу 10 минути, а потоа процедете го и испиете го чајот. Ѓумбирот е познат како чистач на организмот и го подобрува варењето на храната. Со отстранувањето на токсините од телото помага и во подмладување на кожата.

Изберете одредени чаеви или направете комбинација која ви се допаѓа најмногу и пиете секој ден барем по една чаша. Со тоа ќе се ослободите од токсините, а вашата кожа ќе блесне. И се разбира, не заборавајте да внесувате многу вода во текот на денот.

Ви предлагаме да прочитате: 5 намирници за убава кожа.

Сподели: