Чај од чувар куќа против чир на желудник и проблеми со обилен менструален циклус

Чувар куќа (Sempervivum tectorum) е месеста и сочна билка која кај нас е многу позната по нејзината лековита моќ. Таа најчесто се користи за лекување на рани, испукана кожа, чиреви, хемороиди, прочистување од цревни паразити, болку во уво или грло, па дури и шеќерна болест. Во таа насока ви претставуваме рецепт за лековит чај од цвеќето чувар куќа кој помага против чир на желудник и проблеми со обилен менструален циклус.

Името го добила според народното верување дека ја чува и штити куќата и семејството од пожари и болести. Оваа билка е речиси неуништлива и може да расти и да се развива во скоро секакви услови. Интересно за оваа билка е тоа што може да издржи и јак мраз, па така и доколку ја замрзнете неа и нејзиниот сок, таа нема да изгуби од своите благотворни својства. Па, засадете си ја оваа чудотворна билка и секогаш имајте ја при рака. Чувар куќа најчесто расте на крововите, но може да се одгледува и во саксија. Не бара многу труд, но сака многу сончева светлина.

чај од цвеќето чувар куќа

Како да направите чај од цвеќето чувар куќа против чир на желудник и проблеми со обилен менструален циклус

Секогаш ве советуваме дека треба да ги следите советите на вашиот лекар штом имате некој здравствен проблем. Но, сите ние често пати покрај препишаната терапија бараме мислење на нашите пријатели кои имале сличен проблем. Така се шират народните лекови, како што е и овој чај од чувар куќа, за кој некои тврдат дека е ефикасен при чир на желудник и проблеми со обилен менструален циклус.

Потребни состојки:

  • 12 грама исушени или 10 грама свежи листови од чувар куќа
  • ¼ литар вода.

Начин на подготовка и употреба:

  1. Во подлабок сад со вода ставете ги листовите на чувар куќа и варете ги околу 15 минути.
  2. Откако ќе го сварите чајот процедете го и оставете го да се излади.
  3. Вака подготвениот чај консумирајте го наутро, така што ќе испиете половина чаша чај на гладно, а потоа ќе пиете по една супена лажица на секој час се додека ја испиете целата подготвена количина.
  4. Овој чај е добар и за испирање на усната шуплина доколку имате проблеми со афти или ранички, но и за испирање на грлото во случаеви со гнојна ангина.

Ви препорачуваме да прочитате: Имајте убава кожа без акни со помош на цвеќето чувар куќа.

Сподели: