Кога би ги знаеле малите тајни на нештата сигурно дека подобро ќе го користиме нивниот целосен потенцијал. Во овој текст ќе се обидеме да ги разработиме сите важни работи за уживање на максимални придобивки при користење на блендер.
Правилното користење на кујнските апарати ни овозможува да го извлечеме најдоброто од нив и на крајот да имаме вкусен оброк. Затоа, треба да знаеме неколку информации.

Совети кои ќе ви бидат од корист при употреба на блендер
Сувите состојки никогаш не ги блендирајте пред течните. Освен што делумно ќе се залепат за површините на садот, а посебно на дносто, течноста на врвот нема да се меша добро и рамномерно. Така, секогаш прво ставајте ги течните, па додајте ги сувите состојки во блендерот.
Тукушто сварените и врели состојки не смеете да ги мешате директно со останатите во блендерот бидејќи од пареата ќе се создаде дополнителна течност. Во чувствителните рецепти и неколку капки вода може да ја изменат текстурата, што на крајот може да го уништи јадењето или десертот.
На блендерите и сличните апарати, обично постои копче на кое може да се контролира должината на миксирањето, односно штом го пуштите, блендерот престанува да работи. Тоа е идеална опција, затоа што така можете да го сечкате зеленчукот само неколку секунди колку да го иситните соодветно за барањето на рецептот, но не и непосакувано да претерате.
За време на блендирањето, барем еднаш стопирајте го процесот, промешајте ги состојките, па продолжете.
На крај, многу е важно после секоја употреба апаратот детално да го исчистите, односно да го измиете. Остатоците од храна кои може да се задржат во него се опасни по здравјето. Лесен совет кој може многу да ви користи е следниот: во садот за блендирање турете вода и додајте капка детергент за садови, па уклучете го блендерот. Потоа, уште еднаш измијте го рачно и исплакнете со топла вода.
Ви препорачуваме да прочитате: 3 кујнски совети кои ќе ви заштедат време и пари.