Лето, топло време и освежително ладно кафе со неодолива арома на богат чоколаден крем! Звучи примамливо, зарем не? Време е за ново гурманско задоволство и паметење на летово со нашиот нов рецепт за чоколадно ладно кафе.
Ветуваме одличен вкус и моменти за уживање со пријателите. Подготовката е едноставна и само минута ве дели од чоколадното уживање. А за комплетно задоволство, ладното кафе послужете го со чоколаден десерт по ваш избор.

Состојки:
- 2 чаши ладно млеко
- 2-3 лажици какао крем
- 2 мали лажички инстант кафе
- ½ ќесичка ванилин шеќер
- чоколаден прелив за сервирање
- 4-6 коцки мраз.
Подготовка:
- Во блендер ставете ги млекото, инстант кафето, кремот и ванилиниот шеќер. Блендирајте ги додека добиете хомогена смеса. Доколку немате блендер, може да користите и шејкер за кафе.
- Во 2 чаши ставете чоколаден прелив и неколку коцки мраз.
- Потоа, во чашите ставете го чоколадното ладно кафе. По желба дополнете со млеко и не заборавајте да уживате!
Ви предлагаме да прочитате: Домашен сладолед од кафе.