Веројатно повеќе пати сте го слушнале поимот електролити во исхраната, но дали знаете што тие всушност претставуваат? Дали знаете да ги препознаете симптомите на електролитен дисбаланс и да се справите со нив? – Да позборуваме повеќе на темава, многу нешта ќе ви бидат појасни!
Електролитите се есенцијални нутриенти, важни за низа физиолошки процеси. Од регулирањето на ритамот на срцето, преку стимулирањето на правилната мускулна работа, па се до балансирањето на телесните течности и мозочната функција. Најважни електролити потребни за организмот се: натриум, фосфор, калиум, магнезиум и калциум, а ги има во плунката, потта, крвта, урината, односно во сите телесни течности. Бидејќи се важни за одржување на нормалните функции на телото, нивниот дисбаланс може да предизвика сериозни последици. Кога нивното ниво во телото е премногу ниско или превисоко, настанатата состојба се нарекува електролитен дисбаланс. Одржувањето на овој баланс е од витално значење за телото да функционира непречено.
Кои се причините за појава на електролитен дисбаланс?
Најчестата причина за електролитен дисбаланс е губењето на течности. Тоа може да биде предизвикано од:
- Прекумерно потење
- Повраќање или дијареа
- Бубрежни заболувања
- Ендокрини проблеми
- Хронични респираторни заболувања
- Одредени лекови.
Бидејќи електролитите се потребни за основните функции на телото, брзо се забележува нивното зголемување или намалување. Најчести симптоми на електролитен дисбаланс се:
- Дигестивни проблеми – грчеви
- Главоболки и вртоглавица
- Неправилно чукање на срцето
- Хроничен замор
- Анксиозност
- Жед
- Збунетост.
Како најлесно да ја одржувате елекролитната рамнотежа?
Одржувањето на рамнотежата на електролитите во телото е релативно лесно доколку се придржувате до некои едноставни правилa:
- Пијте вода. Погрижете се да пиете вода два часа пред да одите во теретана или да правите каква било физичка активност. Исто така, обидете се да пиете најмалку 2 литри вода дневно. Добрата хидратација е наједноставниот и најдобриот начин да се одржува рамнотежата на електролитите.
- Консумирајте кокосова вода. Кокосовата вода има ниско ниво на шеќер и нема да предизвика покачување на нивото на шеќер во крвта.
- Земајте електролитни пијалоци. Спортските пијалоци исто така помагаат да се надоместат изгубените електролити, бидејќи повеќето од нив содржат калиум и натриум хлорид,
- Јадете храна богата со електролити. Одредена храна може да го зголеми нивото на електролити во телото. Ако сакате да го постигнете тоа тогаш консумирајте компири, авокадо, портокали, банани, јагоди, мисиркино месо и спанаќ.
- Суплементација. Доколку преку исхраната не можете да ги внесете потребните минерали, тогаш суплементацијата ќе ви биде од голема помош. Од суплементите кои се достапни кај нас го препорачуваме Potassium plus Iodine од NOW. Potassium plus Iodine од NOWе додаток во исхраната, производ кој содржи јод и калиум. Potassium plus Iodine го поддржува балансот на електролити и ја поддржува нормалната функција на тироидната жлезда. Јодот, во форма на јодид, е составен дел од тироидните секрети кои го регулираат клеточниот метаболизам и производството на енергија. Калиумот е минерал кој е неопходен за одржување на здрава рамнотежа на вода и електролити, како и pH на целото тело. Potassium plus Iodine претставува исхрана за здрава функција и поддршка на работата на тироидната жлезда. Дополнително, ја поддржува и рамнотежата на електролитите. Се препорачува да се зема по 1 таблета дневно Potassium plus Iodine со храна. Производот е наменет за вегани и вегетаријанци и не содржи ГМО. NOW® Potassium plus Iodine може да го нарачате преку онлајн продавницата на Тримекс со бесплатна достава.
Совети плус: За да спречите електролитен дисбаланс, пијте многу вода за време на физичка активност. Јадете урамнотежена исхрана која содржи храна богата со електролити. Не вклучувајте напорни активности на отворено за време на топло време. Ако вежбате внатре, не правете го тоа без клима уред, особено ако многу се потите. Доколку симптомите и понатаму не исчезнуваат, консултирајте се со вашиот лекар за да ви одреди соодветна терапија.
Ви препорачуваме да прочитате: 9 знаци дека вашето тело е во нерамнотежа.
Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.
*Поддржан текст.