полинезаситени масти 1

Што се полинезаситени масти, за што се корисни и кои намирници се богати со нив?

Секогаш кога имате можност, трудете се заситените и транс мастите да ги замените со полинезаситени масти. Кога се јадат во умерени количини, полинезаситените масти можат да имаат корисен ефект врз здравјето на срцето, а и врз целосното функционирање на организмот.

Па, што се полинезаситени масти?

Од хемиска гледна точка, полинезаситените масти се масни молекули кои имаат повеќе од една незаситена јаглеродна врска во својата структура, што уште се нарекува двојна врска. Маслата кои ги содржат полинезаситените масти обично се течни на собна температура, а ако се најдат во услови на ниска температура стануваат погусти. Ладно цедените масла се такви примери.

полинезаситени масти 2

 

Какво е влијанието на полинезаситените масти врз нашето здравје?

Полинезаситените масти, како и мононезаситените масти се познати како добри масти, затоа што се потребни за правилно и нормално функционирање на телото. Благодарение на својот состав, овие масти го намалуваат нивото на лошиот холестерол (LDL) и го зголемуваат нивото на добриот холестерол (HDL). Ова е важно за здравјето на артериите и превенција од атеросклероза, за зачувување на нивната еластичност и одржување на нормална циркулација, како и за зачувување и превенција од оштетување на срцето. Со ова, се намалува и ризикот од срцев и мозочен удар. Исто така, овие масти го снабдуваат организмот со витамин Е, кој е значаен антиоксиданс и го помагаат одржувањето и обновувањето на телесните клетки.

Маслата кои се богати со полинезаситени масти, исто така го снабдуваат организмот со омега 3 и омега 6 масните киселини, кои се есенцијални за здравјето. Овие важни масни киселини не можат да се синтетизираат сами во телото и мора да се внесуваат преку исхраната. Богат извор со нив е ладно цеденото масло од семки од тиква, кое ние го купуваме од Фила, затоа што ни е важно да го консумираме како 100% природен производ. Ако сакате да го купите за себе може да го побарате во поголемите маркети или пак преку нивната онлајн продавница.

Која храна е богата со полинезаситени масти?

Полинезаситените масти не можат да се синтетизираат во организмот, па неоходно е да ги внесуваме преку храната. Овие масти ги има во кикиритките и во маслото направено од нив, во маслинките и маслиновото масло, во ладно цеденото сончогледово масло. Исто така, застапени се во авокадото и во јаткастите плодови (посебно оревите, бадемите и лешниците). Во значајни количини се наоѓаат во семките од тиква и сусамовото семе и како што спомнавме погоре во ладно цеденото масло од тиква и ладно цеденото масло од сусам. Полинезаситените масти се наоѓаат и во масните риби како што се лосос, скуша, харинга и пастрмка.

Дали полинезаситените масти се подобри од заситените или транс мастите за нашето здравје и дали имаат помалку калории од нив?

Да, подобри се за здравјето. А, како и сите останати масти, содржат 9 калории во 1 грам. Тоа значи бројот на калории е ист, но мононезаситените и полинезаситените масти, кога се јадат умерено имаат позитивен ефект врз здравјето. За разлика од нив „лошите“ масти, а тоа се заситените и транс мастите имаат негативно влијание врз здравјето. Според тоа, може да заклучиме дека е добро да одржуваме баланс во организмот и да внесуваме повеќе полинезаситени и мононезаситени масти, а помала количинa на заситени (мастите од животинско потекло) и транс масти (мастите кои подлежеле на хемиски процеси на хидрогенизација односно стврднување).

Ви препорачуваме да прочитате: 6 симптоми кои покажуваат дека не консумирате доволно здрави масти.

Сподели: