Бел грав

Бел грав – супер храна за секој организам

Некогаш белиот грав го сметале за храна за сиромашните, но денес тој е вистинска супер храна. Нутриционистите советуваат да се јадат бели намирници како што се лук, кромид, карфиол, а посебно бел грав.

Белиот грав содржи големи количини на магнезиум. Така, доколку редовно внесувате доволни количини на грав ќе ги задоволите потребите на организмот за магнезиум, кој е важен минерал за извршување на голем број клеточни функции во организмот. Магнезиумот одржува електричен потенцијал низ нервите и мускулните мембрани со што помага во справување со стресот, а е неопходен и за здрави коски.

Белиот грав освен што нуди извонредни здравствени придобивки, исто така претставува добар извор на растителни влакна и протеини. Покрај тоа, алфа – амилаза инхибиторите во гравот му помагаат на организмот да го регулира складирањето на маснотии во телото. Одлично дополнение на оваа придобивка е тоа што гравот има низок гликемиски индекс и овозможува полесно намалување на телесната тежина.

Тука би сакале да споменеме една добра вест за дијабетичарите за примена на гравот на едноставен начин во корист на нивното здравје. Се препорачува да консумираат по една лажица жив истолчен грав пред јадење што го намалува нивото на шеќер во крвта.

Бел грав

Белиот грав содржи само 25 калории во 100 грама, а богатиот нутритивен состав изгледа вака:

  • 3.00 г јаглехидарти
  • 0.40 г маст
  • 2.30 г протеини.

Минерали:

  • 80.00 мг калциум
  • 1.60 мг железо
  • 33.00 мг фосфор
  • 260.00 мг калиум
  • 320.00 мг натриум.

Витамини:

  • 2.04 мг витамин А
  • 0.02 мг витамин Б1
  • 0.10 мг витамин Б2
  • 0.06 мг битамин Б6
  • 14.00 мг витамин Ц или аскорбинска киселина.

Сподели: