Божиќни колачи од бисквити со тиква

„Овие денови ви предлагам нов рецепт за лесни празнични колачи во знак на новогодишните празници. Накитете ја чинијата со вкусни мали Божиќни колачи кои личат на лампиони. Послужете ги дечињата и внесете ведрина во денот на возрасните!“ – со расположение ни кажа Катерина од нашиот тим.

Еве која е нејзината порака до сите читатели за овој рецепт: „Брзи се и непечени, тоа ги прави исклучително лесни за подготовка. Може да се каже дека за 15 минути ќе завршите со припремата и формирањето на колачите. Аромата им е прекрасна и слатка баш како што се бисквитите кои се главна состојка, а во комбинација со тиквата се вклопуваат извонредно. Рецептот го создадов како предизвик од само неколку состојки, во нова и досега неискусена комбинација. Многу ни се допадна дома, па со задоволство го споделувам со сите вас, за да може и вие да уживате во празничните денови.“

Божиќни колачи од бисквити со тиква 2

Состојки:

  • 10 лажици пире од тиква
  • 220 грама бисквити
  • 4-5 лажици млеко
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 2 рамни лажици шеќер
  • малку шеќер во прав по желба за сервирање.

Подготовка:

  1. Најпрво ставете ја тиквата да се вари, па исцедете ја. Варената тиква испасирајте ја. Доколку претходно сте направиле пире од тиква, само измерете ја потребната количина која е соодветна за вкусните празнични колачи.
  2. Измелете ги бисквитите или доколку немате машинче кое ќе ви користи за мелење, ставете ги во најлонска ќеса и пресувајте ги со помош на пошироко сукало.
  3. Во чист сад ставете ги прво измелените бисквити, па додајте ги шеќерот и ванилиниот шеќер. Измешајте ја сувата смеса.
  4. Потоа, дојдајте ги пирето од тиква и млекото.
  5. Убаво измешајте ги состојките, а најдобро измесете ја смесата со рака. Смесата поделете ја на два дела.
  6. Од едната половина обликувајте кора и со помош на калапи исечете ѕвезди. Доколку имате проблем при формирањето на ѕвездите, препорачуваме претходно припремената кора да ја ставите во замрзнувач за време од 10 минути.
  7. Од втората половина направете топчиња.
  8. По желба при сервирањето декорирајте со малку шеќер во прав.

Толку е лесно и брзо, ќе имате супер колачиња! Ви посакуваме среќни празници и нова година полна со прекрасни моменти како што се овие колачиња!

Препорака од авторот:

Ако го направите и сакате да ве споделам на моето стори, тагирајте ме или испратете ми порака. Чест ми е кога ве инспирирам, па за многу повеќе рецепти и убави фотографии следете ме на моите профили Катерина Шамбевска Спасеновска на Instagram или Facebook.“ – вели Катерина. 

Автор на рецепт и фото: Катерина Шамбевска Спасеновска, @katerina.shambevska.

Ви препорачуваме да прочитате: Божиќни колачи со портокал и рум.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: