Брза пита од потпечени кори со сирење

Брза пита од потпечени кори со сирење

Идеален ручек или вечера доколку немате време да припремате нешто посложено. Оваа брза пита од потпечени кори со сирење е совршена за сите дечиња, возрасни, домашни и гости, супер е за да ја понесете на работа или на некое пократко патување. Клара знае што ни предлага, не се двоумете и направете ја, епспресно брза и екстремно вкусна пита!

Брза пита од потпечени кори со сирење

Состојки:

  • 300 гр кори
  • 200 гр сирење
  • 4 јајца
  • 350 мл јогурт
  • 1 лажичка сол.

Подготовка:

  1. На оган ставете тенџере со вода, малку масло и една лажичка сол.
  2. Оставете да зоврие. Потоа додајте ги корите да се варат, а при варењето повремено мешајте за да не загорат.
  3. Сварените и исцедени кори истурете ги во поголема тава за печење, а врз нив издробете го сирењето. Промешајте и порамнете.
  4. Во подлабок сад изматете ги јајцата, дотурете го јогуртот и посолете по вкус.
  5. Смесата истурете ја врз тавата со кори, убаво распоредете ја и ставете да се печи во загреана рерна на 200 степени за време од 20-30 минути.

Потпечените кори сервирајте ги топли, макар што мора да признаеме дека и ладни немаат замерка. Исечете ги на парчиња и послужете ги со чаша ладен јогурт. На здравје!

Рецептот го испратил: Клара Бос.

Сподели: