велигденски свеќи во форма на јајце

Велигденски свеќи во форма на јајце

Велигденските декорации во домот можете да ги надополните со интересни свеќи во форма на велигденски јајца. Ваквите свеќи ретко може да се најдат во маркетите, а имаат висока цена. Но, со овој „направи сам“ проект може да добиете велигденски свеќи во различна боја и да го разубавите домот.

Велигденските празници се празници кои го собираат семејството на едно место, а ова е одличен начин да поминете време со семејството за забавни активности. Погледнете го видеото и следете ги инструкциите.

Потребни ви се:

  • поголема свеќа
  • ренде
  • празна лименка
  • мрсни боички
  • лушпи од јајце
  • чепкалки за заби.

Подготовка:

  1. Направете мала дупка во јајцето и испразнете го јајцето од внатрешната содржина.
  2. Свеќата изрендајте ја на крупната страна од рендето. Парчињата од свеќата ставете ги во празна лименка.
  3. Во тенџере ставете вода да се вари. Штом водата се затопли во средината на тенџерето поставете ја лименката со парчињата свеќа.
  4. Мрсните боички излупете ги и додајте 1 боичка во лименката. Мешајте повремено за да се растопи восокот.
  5. Земете мала чаша за ракија и јајцето поставете го во неа. Во средината поставете го фитилот од свеќата која ја изрендавте. Потоа, турете го растопениот восок. Со помош на чепкалка за заби насочете го фитилот во средината.
  6. Штом восокот убаво се здрви и излади, излупете ја лушпата од јајцето. Така, вашите велигденски свеќи во форма на јајце се готови. Поставете ги врз трпезата или друго место во домот и уживајте во празниците!

Ви предлагаме да прочитате: 3 велигденски декорации за домот и трпезата.

Сподели: