глутатион 1

Глутатион – моќен антиоксиданс за заштита на организмот

Постојано слушаме за антиоксидансите и нивната важност во заштита на нашето здравје и целиот органиизам. Антиоксиданси има многу и сите имаат единствена цел – заштита од оксидативен стрес. Секој од нив има подеднакво значење во борбата со слободните радикали, а еден од нив е и моќниот глутатион.

Глутатионот уште се нарекува и главен антиоксиданс кој го произведуваат клетките. Претставува најмоќен антиоксиданс присутен во секоја клетка од телото, а најконцентриран е во црниот дроб. По својот состав е трипептид, односно хемиско соединение кое се состои од три аминокиселини – цистеин, глицин и глутаминска киселина. Широко е распространет во природата и е еден од најважните соединенија кои содржат сулфур, кој исто така е потребен за нормално функционирање на организмот.

глутатион 2

Улогата на глутатионот во организмот

Глутатионот има удел во многу клеточни биохемиски процеси. За да може телото да функционира нормално, потребен му е постојан извор на глутатион. Главна функција на глутатионот е заштита на клетките од оксидативно оштетување и ги отстранува токсините присутни во нив. Во црниот дроб, глутатионот е важен за детоксикацијата и во овој орган може да се намали нивото поради алкохол и токсини.

Има способност да ја зголемува активноста на останатите антиоксиданси, вклучувајќи ги и витаминот Ц, Коензимот Q10 и алфа липоичната киселина. Глутатионот е и есенцијален фактор во искористување на енергијата, детоксикација и заштита на организмот од болести кои доаѓаат со самото стареење.

Глутатионот го јакне имунитетот, одржува хормонална рамнотежа, го помага клеточното дишење. Првенствено, ефикасно го чисти организмот од слободни радикали, токсини и штетни нуспроизводи на метаболизмот. Освен што е важен во процесите на детоксикација на организмот, ги регулира клеточните функции, учествува во синтеза на ДНК и протеини, раст на клетките и имун одговор. Го штити мозокот и ја зголемува осетливоста на допамин, кој придонесува за позитивно расположение.

Храна богата со глутатион

Глутатионот е широко распространет и присутен во речиси секое растение, па така, изборот на храна која содржи глутатион е голем. Овој антиоксиданс е присутен во:

  • брокула
  • зелка
  • спанаќ
  • карфиол
  • авокадо
  • јагоди
  • јаболка
  • домати
  • лук
  • протеин од сурутка
  • куркума.

Недостаток на глутатион

Синтезата на глутатионот зависи од аденозин трифостафот (АTP), молекула која обезбедува клеточна енергија. Глутатионот постои во редуцирана и оксидирана форма. Во здравите клетки и ткива, во 90% е присутна редуцираната форма, а 10% ја има оксидираната форма. Зголеменото ниво на оксидираната во однос на редуцираната форма доведува до оксидативен стрес. Со други зборови, недостатокот на глутатион го забрзува стареењето и е ризик фактор за појава на болести:

  • Паркинсонова болест
  • Алцхајмерова болест
  • срцеви болести
  • автоимуни болести
  • артритис
  • астма
  • дисфункција на црниот дроб и имунолшкиот систем
  • мускулна слабост и др.

Недостаток на глутатион настанува поради оксидативниот стрес, кој пак е предизвикан од токсини од надворешната средина, штетна храна, загадениот воздух, пушењето, прекумерниот внес на алкохол и слично. Нивото му се намалува и при хируршки зафати, воспаленија, опекотини и септички шок.

Земањето на глутатион како додаток на исхраната се покажало како ефикасно при превенција и третирање на гореспоменатите болести, а особено при Паркинсонова болест.

Наша препорака:

Кога станува збор за употреба на глутатион како додаток на исхраната, секогаш избирајте квалитетен производ од проверен производител. Ние ви го препорачуваме NOW Glutathione. Производот NOW Glutathione е во редуцирана, активна форма за оптимална биорасположивост. Главна функција на Glutathione е заштита на нашите клетки од оксидативно оштетување. NOW Glutathione е погоден и за вегани и вегетаријанци и не содржи ГМО. Се зема 1 капсула дневно, по можност на празен желудник.

Нарачајте Glutathione со бесплатна достава преку онлајн продавницата на Тримекс. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Ви препорачуваме да прочитате: Како да го победите оксидативниот стрес?

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: