маска за затегнување на кожата

Домашна маска за затегнување на кожата на вратот

Негата на вратот е исто толку важна како и негата на лицето, а и целото тело. Сите жени знаат дека вратот ги издава годините. А дали правите нешто за да го спречите тоа? За да ја освежите кожата на вратот и да изгледате помладо, пробајте ја оваа домашна маска за затегнување на кожата со куркума и шеќер. 

Пред се, треба да запаметите едно едноставно правило: сите хранливи маски кои ги нанесуваме на лицето, треба да се нанесуваат и на вратот.

маска за врат

Домашна маска за затегнување на кожата на вратот со куркума и шеќер

Постои одлично природно средство со помош на кое може да ја затегнете кожата на вратот. Со помош на оваа маска ќе ја подобрите еластичноста на кожата, па ќе постигнете подмладувачки ефект. Оваа пилинг маска, доволно е да ја нанесете еднаш во текот на неделата.

За да ја припремите маската ќе ви биде потребно:

  • 1 мала лажичка куркума во прав
  • 3 лажици шеќер
  • 2 до 3 капки етерично масло од лаванда или чајно дрво
  • 3 лажици маслиново или кокосово масло
  • ванила во прав – на врвот од ножот.

Подготовка:

  1. Во мал длабок сад ставете ги сите состојки и измешајте ги. Маската може да ја направите и без употреба на шеќер, а тоа зависи од состојбата на кожата. Ако кожата е доста набрчкана со темни флеки, пожелно е да користите шеќер.
  2. Смесата нанесете ја на кожата. Оставете ја да делува 20 минути, а потоа отстранете ја со кружни движења.
  3. На чистата кожа нанесете кефир (или јогурт). Оваа постапка е пожелно да ја направите, затоа што од куркумата кожата може да се обои. Кефирот ќе ја избели кожата и дополнително ќе ја хидрира.
  4. Оставете го кефирот да стои за време од неколку минути, а потоа измијте го лицето со кружни движења.

Пробајте го овој домашен третман, сигурни сме дека ќе ви се допадне!

Совет плус: Ако не се задоволни од изгледот на кожата на лицето и вратот, треба да знаете дека од голема важност е секојдневната нега. За да го подобрите изгледот внимавајте на изборот на козетички средства кои ги користите. Тие треба да бидат наменети за вашиот тип на кожа и направени од квалитетни состојки.

Ви предлагаме да прочитате: Третман за намалување на видливите брчки на вратот.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: