Аутизам кај деца - мала слика

Д-р Нела Деспотовска советува: Аутизмот е честа појава и кај нас, но помош има!

Имаме ли свест за аутизмот? Знаеме ли што помага? 1% или 75 000 000 луѓе од светската популација страдаат од аутизам. Можете да замислите колку многу семејства се тоа. Па, по повод светскиот ден за аутизмот, поразговаравме со Д-р Нела Деспотовска. Ова се нејзините совети.

2-ри Април е светски ден за подигнување на свеста за лицата со аутизам. И кај нас оваа состојба, за жал, станува сè почеста. Токму затоа, добро е да бидеме што повеќе информирани што всушност претставува аутизмот, кои се причините за негова појава и што е она што може да биде од помош.

Ден на аутизам

Што е аутизам?

Аутизмот (ASD) се однесува на широк спектар на состојби кои се карактеризираат со проблеми во социјализација и интеракција, повторувачки однесувања, проблем со говорот и невербална комуникација. Се карактеризира со потешкотии и заостанување во развојот. Постојат повеќе поттипови на аутизам. Тие поттипови настануваат под влијание на генетските и факторите на околината.  Бидејќи аутизмот опфаќа поширок ранг на состојби, секое лице има засебни предизвици. Начинот на кој аутистичните лица учат, мислат и решаваат проблеми е различен. Некој има големи вештини за совладување на настаните, а некој се соочува со потешкотии. На некои лица со аутизам им е потребна значителна поддршка од други во животот, додека пак некои имаат минимална потреба, па дури и можат да функционираат самостојно.

Симптоми кои укажуваат на аутизам

Знаците на аутизам најчесто се јавуваат на 2 или 3 годишна возраст, иако некои знаци на заостанување во развојот може да се забележат и на 18 месеци. Потешкоти во социјална интеракција, рестриктивно или репетитивно однесување или интерес, потешкотии во учење, говор или движење, невообичаени навики на спиење и исхрана, анксиозност, епилептични напади, гастроинтестинални проблеми, недостаток или прекумерен страв се дел од симптомите кои се знак дека лицето страда од аутизам.

Од социјалните и комуникациски вештини и интеракција може да се издвојат:

  • Избегнување и незадржување контакт очи в очи
  • Не одзивање на името од 9 месечна возраст па нагоре
  • Не покажува среќа, тага, гнев, изненаденост почнувајќи од 9 месеци
  • Не игра интерактивни игри од 12 месечна возраст
  • Користи малку или не користи гестикулации од 12 месеци
  • Не споделува заеднички интереси со други од 15 месеци
  • Не покажува на друг на нешто што е интересно веќе на 18 месеци
  • На 24 месеци не забележува дека некој е повреден или вознемирен
  • На 36 месеци не ги забележува другите деца и не им се приклучува во играта
  • Не се преправа дека е некој друг (учител, супер херој) низ игра на 48 месеци
  • На 60 месеци не игра, глуми или пее.

Препораки што може да бидат од помош

Тешките метали како што се олово и жива кои го блокираат мозокот се една од причините за појава на аутизам. Токму затоа, има додатоци кои помагаат да се направи детокс од штетните метали, а тоа им помага на лицата кои страдаат од оваа болест полесно да комуницираат, да зборуваат и да се искажуваат. Како такви додатоци, ние ги издвоуваме Inulin, DHA-500 и L-Carnosine од нашите пријатели Тримекс.

Inulin

Инулинот е растворливо пребиотичко влакно кое е отпорно на варење и допира до дебелото црево непроменето. Цревните пробиотски бактерии консумираат инулин и за возврат произведуваат масни киселини со краток синџир, кои ги потхрануваат клетките на дебелото црево. Инулинот на тој начин помага да се одржи здравјето и функцијата на цревата. Здрави црева значи отсуство на гастроинтестинални проблеми. Инулинот има својство да ги апсорбира тешките метали како олово и жива кои го блокираат мозокот. На тој начин, инулинот прави детокс на организмот и потпомага во подобрување на говорот на лицата со аутизам.

DHA-500

DHA-500 е уште еден додаток на исхраната кој е од голема важност за лицата со аутизам. DHA-500 е есенцијална масна киселина неопходна за целокупното здравје и за растот и развојот низ сите фази на животот на човекот. Наречена е есенцијална бидејќи организмот не може да ја создаде самиот и мора да се добие од храната или додатоците во исхрана. DHA-500 придонесува за нормален развој на мозокот кај фетусот, доенчињата и малите деца.

L-Carnosine

L-Carnosine е дипептид, составен од аланин и хистидин. Природно се јавува во високи концентрации во кожата, мускулите и нервните ткива. L-Carnosine помага во елиминација на слободните радикали. Бидејќи се наоѓа во нервните ткива, оваа супстанца помага во намалување на ризикот од невродегенеративни заболување. Исто така L-Carnosine ги ублажува и симптомите на аутизам кај повозрасните.

ден на аутизам - додатоци во исхраната

Споменатите производи може да ги нарачате преку онлајн продавницата на Тримекс или да ги набавите во поголемите аптеки низ земјава. А, за сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Ви препорачуваме да прочитате: Д-р Нела Деспотовска советува: Менталното здравје е важно за квалитетен живот.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Поддржано од Тримекс.

Сподели: