ѓумбир во прав 1

Здраво слабеење со чај од ѓумбир во прав

Се прашувате која е тајната на здравото слабеење? – Само еден зачин е доволен и вашата победа над килограмите може да започне. Направете си чај од ѓумбир во прав, користете го ѓумбирот за зачинување на храната или употребете го во домашни напитоци за слабеење. Телото ќе ви биде благодарно!

Ѓумбирот е билка од азиско потекло чиј корен се употребува како зачин, за подготовка на чаеви и при разни тегоби. Ѓумбирот во прав претставува сушен и мелен корен од ѓумбир. Се користи за слабеење, во подготовка на храна или лековити чаеви. Традиционално се користел како напиток против болки во грлото. Здравствените придобивки од консумацијата на ѓумбир во форма на прав се многубројни.

ѓумбир во прав 2

Ѓумбирот во прав се користи за:

  • слабеење
  • главоболки и мигрена
  • зајакнување на имунитетот
  • подобрување на дигестијата
  • надуеност и болки во стомакот
  • настинки и грип
  • затнат нос и синуси.

Искористете го ѓумбирот во прав и направете чај за слабеење

Ѓумбирот има лут вкус и дава чувство на печење и топлина после консумирањето и го забрзува метаболизмот. Претставува одличен избор за слабеење. Чајот има пикантен вкус, а во летните денови може да се пие и ладен со коцки мраз.

Начин на подготовка:

Во помало тенџере или ѓезве зовријте 250 мл вода. Во шолја ставете половина кафена лажица ѓумбир во прав и прелијте со врелата зовриена вода. Чашата покријте ја и оставете го чајот 10 минути. По желба додајте мед и лимон. Чајот може да се консумира два пати дневно.

Чајот помага за:

  • зајакнување на имунитетот
  • подобрување на циркулацијата
  • одржување на нормални вредности на шеќер и холестерол.

Препорака од нас:

Од Рајска Градина имаат голема палета на зачини за подготовка на најдорите јадења.  Меѓу највкусните зачини е и ѓумбирот во прав. Со ѓумбирот во прав на Rajska Gradina ќе си го направите највкусниот и најефикасен чај за слабеење. Набавете си го овој моќен зачин уште сега и започнете да ги топите килограмите веднаш!

На што треба да внимавате ако сакате да консумирате ѓумбир

Генерално, ѓумбирот е безбеден за сите, но може да се појават и некои несакани ефекти од употребата како што се констипација и подуеност. Ѓумбирот не се препорачува на лица кои имаат проблеми со жолчката затоа што може да го зголеми протокот на жолчна киселина. Постои мислење дека ѓумбирот не треба да го употребуваат бремени жени и доилки во исхраната, иако некои професионалци го препорачуваат против гадење. Ако сте бремени или доите, за консумацијата на ѓумбир консултирајте се со доктор или нутриционист. Ѓумбирот не би требало да го употребуваат хемофиличари, лица кои страдаат од улцерозен колитис, како и лица кои користат лекови против коагулација на крвта.

Ви препорачуваме да прочитате: 5 идеи за брзи и вкусни јадења со путер од бадеми.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: