Зимско смути со спирулина со загревачки ефект 1

Зимско смути со спирулина со загревачки ефект

Најчесто смути пијалаците се популарни во летните и топли денови кога сакаме да пиеме нешто што освежува и разладува. А, овој пијалак изобилува со хранливи материи, витамини, минерали и протеини, па е вистинска штета да не се консумира и во ладните и зимски денови. За таа цел, споделуваме со вас рецепт за зимско смути со спирулина, кое благодарение на зачините има загревачки ефект и е одличен пијалак за ладните денови!

Инспирација за ова вкусно смути со загревачки ефект ни беше Hawaiian Spirulina. Оваа сино зелена микроалга содржи извонредна комбинација на бета-каротен, хлорофил, витамини од Б групата, комплетни протеини, ГЛК и изобилство од минерали и ензими. Листата на нејзините корисни состојки и дејства е навистина долга! – Ги содржи сите есенцијални амино киселини и 28 пати повеќе нетоксично биолошко железо отколку говедскиот црн дроб и 23 пати повеќе од спанаќот, 3 пати повеќе витамин Е од пченичните ‘ркулци, 5 пати повеќе калциум отколку млекото, 4 пати повеќе протеин, споредено со тофу сирењето од соја и 25 пати повеќе бета-каротен од морковот. Листата со придобивки е навистина долга, а Hawaiian Spirulina како храна, е најхранлива намирница на светот! – Токму затоа нас ни е омилена и секојдневно нѐ инспирира да се храниме здраво и да пробуваме нови интересни рецепти со неа.

Зимско смути со спирулина со загревачки ефект 2

Состојки:

  • ½ замрзната банана
  • 7-8 ливчиња спанаќ
  • 1 средно голем морков
  • 1 лажиче свеж ѓумбир
  • ¼ чаша сечкана тиквичка
  • ¾ чаша ладно млеко (по желба може да користите млеко без лактоза или растително)
  • прстофат црн пипер во прав
  • 1/8 лажичка цимет
  • 1 лажичка Hawaiian Spirulina во прав
  • ¼ лажичка куркума
  • 1 лажичка протеини од сурутка во прав
  • цеден сок од ½ лимон
  • ½ лажичка екстракт од ванила
  • 1 лажица семе од сончоглед.

Подготовка:

  1. Морковот, тиквичката и ѓумбирот добро измијте ги, излупете ги и исечкајте ги. Исто така, измијте го спанаќот.
  2. Парчињата зеленчук заедно со замрзнатата банана, семето од сончоглед и млекото ставете ги во блендер и блендирајте ги додека се соединат сите состојки. По потреба додајте уште млеко или вода за да ја добите посакуваната густина на смутито.
  3. Потоа, додајте ги спирулината во прав и суруткините протеини. На крај додајте ги и останатите зачини. По желба може да додадете поголема количина на банана за поголема блажина или повеќе ѓумбир за дополнителен загревачки ефект на смутито.
  4. Сите состојки добро измешајте ги.
  5. Вака подготвеното смути може да го консумирате веднаш или да го чувате во фрижидер околу 24 часа, а доколку ви остане да го замрзнете во коцки за мраз и да го додавате во други смутија. На здравје!

Совет плус: За подготовката, наместо замрзнато овошје може да користите зеленчук на собна температура со слатка нота како морков или сладок компир.

Препорака плус:

Hawaiian Spirulina во прав може да ја најдете во сите поголеми аптеки во Македонија или да ја порачате преку онлајн продавницата на Тримекс директно на ваша адреса, со бесплатна достава. Покрај во прав, таа е достапна во пакувања со различни големини од 100 таблети200 таблети и 400 таблети од 500 мг.

спирулина во прав

За подетални информации јавете се на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000 или кликнете на следниов линк, а за дополнителни прашања пишете ни на sezahrana.mk и ние ќе ја консултираме Д-р Нела Деспотовска, па одговорот ќе го проследиме со вас.

Ви препорачуваме да прочитате: Посно смути со банана и спирулина.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: