Знаете ли дека врелата вода е најефтин лек? 1

Знаете ли дека врелата вода е најефтин лек?

Според ајувердата, и здравјето и болеста се процес кој се одвива во секоја секунда од нашиот живот. Добрите и корисни навики го зајакнуваат организмот, а лошите навики го интензивираат она што се нарекува лошо здравје. Според ајувердата, редовната употреба на врела вода го зајакнува „агни“, односно автоимуниот систем, енергијата, отпорноста и силата на организмот.

Во нашите простори пиењето на топла или врела вода се смета за чудно, но во Индиа, Кина, Јапонија, во земјите кои се блиски до нив, врела вода и врели напитоци се подразбираат и е нормално да се пијат. Така, ако нешто луѓето применувале и го пренесувале долги години од поколение на поколение, можеме да претпоставиме дека од некоја причина тоа е корисно.

Знаете ли дека врелата вода е најефтин лек? 2

Три типа на провриена вода

Древната ајуверда, која се смета за мајка на природната медицина, ја одликува врелата вода како за здравите така и за болните луѓе. Според неа, прв тип на врела вода е водата која вриела доволно долго до испарување додека остани 1/4 од водата, потоа вода која врие додека испари до половина од количината и вода која врие додека не останат 2/5 од количина на водата.

Зошто да ја варите водата?

Смислата на варењето на водата е повеќеструко. Прво и основно, со варењето се уништуваат микроорганизмите и се подобрува хемиската исправност на водата. Ако водата врие барем  5 минути, а потоа ја оставите да се излади, ќе забележите талог на дното, во кој се таложат одредени штетни соединенија. Така, освен микробиолошка корист, вриењето на водата овозможува и хемиска исправност.

Другата причина е суптилна, но подеднакво важна. Водата е основен раствор во безброј биохемиски реакции кои се одвиваат непрекинато во нашиот организам. Водата и огнот се сметаат за основа на хемијата, пред се на биохемијата, а заедничко име за сите метаболитички процеси во ајувердата е „пита доша“.  Буквалниот превод на зборот „пита“ е киселина, што укажува на варењето на храната и биохемиските процеси во телото. Спрема ајувердата,  „пита доша“ се состои од оган и вода. Посебен дел на овој принцип е „агни“, што во превод од санскритски означува пламен. Тој го претставува варењето на храната и е одговорен за се што човек ќе изеде, испие, ќе помириса, слушне, види, допре… „Агни“ трансформира се што ќе дојде во системот на телото и духот.

Одтука, полесно е да разбереме зошто водата и храната се варат. Порано, додека готвеле на отворен пламен, тоа било видливо и со голо око. Со готвењето огнот, односно пламенот (агни), се воведувал во супстанцијата која се готви. На пример, превриената вода е вода со вишок „агни“ и со тоа лесно се вари во телото и го поттикнува имунитетот .

Кога пиеме непревриена вода, тогаш нашиот внатрешен „агни“ мора сам да ги „вари“ сите бактерии, спори и други материи кои ги содржи. Ако „агни“ е слаб, доаѓа до болест. Затоа, многу лица од западниот свет кога одат во Индија добиваат дизентерија. Од друга страна, ако надворешниот „агни“ ги свари овие супстанци, тогаш нема да има симптоми на болест.

Тоа е логиката на ајувердата. Добрите и корисни навики го зајакнуваат организмот, а лошите навики го интензивираат она што се нарекува лошо здравје. Според ајувердата, редовната употреба на врела вода го зајакнува „агни“, односно автоимуниот систем, енергијата, отпорноста и силата на организмот. Ова е посебно важно за лица кои веќе биле болни.

Кога и како помага врелата вода?

Генерално можеме да кажеме дека сите болести настануваат поради насобирање на телесни токсини. Кога „агни“ е јак, корисните состојки од храната помагаат за нормален развој на ткивата, а некорисните се исфрлаат преку празнење на цревата и урината. Меѓутоа, кога „агни“ е слаб, еден дел од храната нити се користи, ниту се исфрла од телото, туку останува да трули во цревата и создава леплива материја со непријатен мирис која се нарекува „ама“. Насобирање на „ама“ во различни делови од телото доведува до заболувања.

Така, кога станува збор за акутни воспаленија, според ајувердата се препорачува превриена вода која испарила до половина од својата количина. Посебно се применува за настинки, грип, висока температура, а се консумира на секој половина час по неколку голтки.

Кога воспаленијата се хронични, се препорачува водата да испари до 2/5 од својата количина и да е топла како чај. Според ајувердата пациентот не треба да јаде и пие ништо освен оваа вода (максимално 3 дена зависно од силата на пациентот) и се смета дека сигурно ќе се ослободи од треската.

Редовна употреба на вода која испарила до 1/4 од својата количина се препорачува при астма, артритис, колитис, мигрена, синузитис, ангина пекторис и други срцеви пореметувања, целулит, дебелина, итн.

Ви препорачуваме да прочитате: 5 придобивки од пиењето на топла вода со лимон.

Сподели: