Зошто не можете да направите добро желе 1

Зошто не можете да направите добро желе?

Ако од секогаш сте се воодушевувале на прекрасно изработените желеа, а сте се прашувале што е тоа што грешите што дома не можете да успеете да направите така добро желе, ќе ви откриеме неколку „тајни“ кои што сигурно ќе ви бидат корисна насока за да станете подобри готвачи.

Постојат неколку видови желатин и тоа може да биде во вид на коцки, инстант и гранули. Многу често се употребува оној во листови, а кај нас исто така е застапен и прашкастиот желатин, односно оној во гранули. Желатинот има неутрален вкус, па може да се додава во разни слатки и солени јадења. Лесно се употребува, но има неколку едноставни процедури.

За да добиете густо желе треба да употребите 15 грама желатин, пожелно во листови, за секои 500 мл вода. Доколку наместо вода употребувате сируп, млеко или павлака, дозата е 10-12 грама. Времето кое е потребно да стои во фрижидер е различно зависно од количеството и начинот на подготовка на желатинот.

Зошто не можете да направите добро желе 2

Кога станува збор за листови од желатин пожелно е пред употреба да ги омекнете, а потоа да ги поделите на 2-3 дела и да ги ставите во ладна вода, па да ги оставите да 8-10 минути за да се претворат во добро желе. Но, никако не ги ставајте листовите желатин да омекнат во топла вода со мисла дека ќе заштедите време, бидејќи на овој начин може да ви се растопат и нема да може да го постигнете посакуваниот ефект. Листовите желатин исцедете ги стискајќи со рацете и ставете ги во течноста која е посочена за рецептот, која во овој дел од подготовката треба да биде топла. Со виљушка измешајте ги за да се растопат, а доколку останат неколку грутки исцедете ја течноста додека е топла. За да не ви се формираат грутки, внимавајте при растопувањето на желатинот во топлата течност, истата да не зоврие, или најдобро отстранете го садот од оган откако ќе го додадете желатинот.

Ако сакате да го ароматизирате желатинот, во топлата течност додајте оцет, исечкани ароматични тревки за солени јадења, сок од лимон бело вино, шери, бренди за слатките јадења и слично.

Избегнувајте желатинот да го спојувате со киви, папаја или свеж ананас, бидејќи тие содржат ензими кои може да го стврднат желатинот.

За да подготвите сјајни медалјони од месо или риба, или пак слатки сјајни пити, растопете 3 грама желатин во 1 децилитар течност (супа кога подготвувате месо или риба) и оставете го да се лади додека добие густина на масло. Тогаш во течноста натопете мала четка и со неа 2-3 пати премачкајте ги ладните јадења. После секое премачкување ставајте ги јадењата во фрижидер за да се стврдне желатинот. На овој начин ќе формирате сјаен слој над јадењата.

Сподели: