есенски паднати лисја

Како да ги искористите есенските паднати листови?

Најчесто есента нѐ асоцира на печена тиква, костени и паднати листови. Ако живеете во куќа и имате дрва и растенија сигурно се прашувате дали може да ги искористите есенските паднати листови, наместо да ги фрлите во кантата за отпадоци. Пронајдовме неколку идеи кои ќе ви бидат од корист оваа есен!

Есенското организирање на дворот пред да настапи зимата подразбира и расчистување од паднатите лисја. Со овие креативни начини на употреба повеќе нема да гледате на листовите како на омразена работа, туку како на дар од природата кој може да ви биде од корист.

паднати листови

Природно ѓубриво за тревата и заштита на растенијата од зимските мразеви

Доколку често го чистите дворот, собирате ги лисјата на едно место. Може да направите голема кутија во која ќе ги чувате или да ги складирате во некој агол од дворот под сенка. По месец или два ќе добиете одлично ѓубриво за вашата градина. Со помош на овие лисја може да ги покриете растенијата и да ги заштитите од утринските мразови. Доколку сакате наредната година да имате најубав тревник во соседството – послужете се со веќе складираните листови. Ставете ги врз тревата, а нивото на косилката ќе го подигнете за еден степен. На тој начин ќе ги иситните, па ќе добиете совршено ѓубриво за вашиот тревник.

Искористете ги за краткотрајно загревање на домот

Лисјата соберете ги во јутена вреќа и складирајте ги во подрум. Потоа, секогаш кога ќе имате потреба за брзо да ја подигнете температурата во домот, само ставете една вреќа со лисја во шпоретот за централно греење или неколку раце листови директно во каминот. Некои лица потврдија дека на овој начин значително ги намалиле трошоците за греење.

Есенски паднати листови за незаборвни игри и забава на целото семејство

Како деца сите сакавме да скокаме врз куп на лисја. Не ги спречувајте вашите деца да уживаат во есенските лудории, туку придружете им се. Ви гарантираме луда забава!

Разубавете го домот со есенски декорации 

Време е за есенско разубавување на домот! Наместо да трошите пари на скапи украси, со помош на есенските лисја може да направите многу интересни декорации за вашиот дом. Наши предлози се: декоративни есенски свеќници од тегла или пак декоративен сад од есенски листови.

А како вие ги користите есенските листови? Споделете со нас.

Ви препорачуваме да прочитате: 4 природни начини за подобрување на квалитетот на земјата – со домашни рецепти.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: