4 природни начини за подобрување на квалитетот на земјата - со домашни рецепти 1

4 природни начини за подобрување на квалитетот на земјата – со домашни рецепти

Во минатото немало голем избор на вештачки ѓубрива и пестициди, па луѓето на природен начин го подобрувале квалитетот на земјата и се бореле против плевелите и штетниците. Во продолжение ви претставуваме неколку природни начини за подобрување на квалитетот на земјата во вашата градина или саксии.

Сите ние знаеме дека вештачките ѓубрива се полни со штетни хемикалии кои потоа се пренесуваат и врз плодовите кои растат на земјата која е третирана со нив. Но за жал, во денешно време ретко да може да се одгледа нешто без нив. Затоа, погледнете некои од нашите предлози за природни ѓубрива кои се целосно природни и безопасни.

4 природни начини за подобрување на квалитетот на земјата - со домашни рецепти 2

Направете ѓубриво од домашниот отпад

Направете сами свое ѓубриво, така што ќе го собирате домашниот куќен отпад од биоразградливо потекло. На тој начин не само што ќе заштедите, туку и ќе ја намалите количината на отпадоци.

Искористете кафе како природно ѓубриво

Кафето е одлично за подобрување на квалитетот на земјата. За оваа намена може да користите талог од кафе, но и свежи зрна. Најдобро би било да помешате 4 дела зрна од кафе со 1 дел пепел од дрва и оваа мешавина да ја додадете во земјата која сакате да ја прихраните.

Искористете го пепелот како ѓубриво

Пепелот од дрва  (од камин или парно) е природен извор на нутриенти кои им се неопходни на растенијата. Тој содржи калиум, калциум и фосфор. Се употребува и за намалување на киселоста на земјата. Благодарение на ова природно ѓубриво растенијата се посилни, а овошките повкусни. На 30 м2 се додава 750 г – 1,5 кг пепел, а тоа најчесто се прави во есенските месеци.

Искористете алги како ѓубриво и чај од алги за наводнување на растенијата

Алгите содржат повеќе азот и калиум отколку арското ѓубриво од животински измет. Но, пред истите да се искористат како ѓубриво треба добро да се измијат од солите, па дури и да се остават во двор на дожд за истиот да ги измие неколку пати. Потоа, додајте ги во земјата која сакате да ја наѓубрите. Растенијата може да ги залевате и со чај од алги. Ставете ги алгите во стара ткаенина и потопете ги во канта со вода, па оставете ги да киснат околу 7 дена. Потоа, исцедете ја водата како чај и со неа наводнувајте ги вашите растенија.

Ви препорачуваме да прочитате:  Лушпи од јајца како природно ѓубриво за растенија.

Сподели: