Природно средство против пајаци и освежувач за простории 1

Природно средство против пајаци и освежувач за простории кој не е штетен за здравјето

Специјално за сите домаќинки кои се „плашат“ од пајаци и не го обожаваат нивното приусуство околу себе! Колку и да го одржувате чист вашиот дом, дворот или терасата, пајаците секогаш ќе најдат начин да бидат ваше непосредно опкружување. Секако дека да, освен ако им поставите на природно средство против пајаци! А, можете ли да погодувате што помага? Ви откриваме подолу во текстот!

Одговорот е етеричното масло од нане! Можете да го пронајдете во сите подобро снабдени продавници за здрава храна. Ги одбива инсектите како што се пајаците и мравите. Има пријатен мирис, а може да послужи и како освежувач за простории кој не е штетен за здравјето.

Природно средство против пајаци и освежувач за простории 2

Етерично масло од нане против пајаци

Пајаците не го сакаат нането! Штом почувствуваат мирис на хемикалија, мирисни масла со рецепторите на предните нозе веднаш се упатуваат во друг правец, што подалеку од вашиот дом или опкружување.

Спреј од нане

Наполнете мало спрејно шише со вода скоро до самиот врв. Додајте 5-10 капки етерично масло од нане. Немојте да користите екстракт од нане или некои лажни етерични масла. Затворете го шишето и силно протресете. Распрскајте во воздухот и пробајте дали делува, а по потреба додајте уште неколку капки етерично масло. При прскањето посветете внимание на аглите каде најмногу го забележувате нивното присуство.

Масло од нане за затворени простории

Натопете мали топчиња од вата со етерично масло од нане и наредете ги врз тацна. Поставете ги на места во затворените простори каде се среќаваат пајаците. Топчиња од вата немојте да ги оставате врз дрвен мебел, ткаенина или друга деликатна површина, затоа што веројатноста дека ќе остават дамки е голема. Постапката повторувајте ја по потреба. Ова е еден од најидеалните начини за заштита, но делува само во затворени простории.

Забелешка: Маслото од нане е прилично јако и никако не ги допирајте очите пред да ги измиете рацете. Домашните миленици исто така држете ги подалеку од површините каде сте ги поставиле заштитниците од пајаци и мравки. Етеричното масло од нане не е штетно, осен ако не сте алергични, дури помага и при јаки главоболки.

Ви препорачуваме да прочитате: Направете домашно масло од нане – лек за акни.

Сподели: