8 лековити растенија кои е корисно да ги имате во домот 1

8 лековити растенија кои е корисно да ги имате во домот

Одредени растенија имаат способност да го филтрираат и прочистуваат воздухот во вашиот дом, а може да ви понудат и низа здравствени придобивки. Сега знаете дека собните реастенија не мора да служат само како украс, па во продолжение дознајте кои 8 лековити растенија е пожелно да ги одгледувате заради различна корист.

Некои мирисаат убаво и смируваат, некои го украсуваат просторот и го освежуваат воздухот, а од некои можеме да си приготвуваме интересни и корисни напитоци.

8 лековити растенија кои е корисно да ги имате во домот 2

Босилек за имунитет и снижување на крвен притисок

Босилекот се нарекува крал на сите лековити растенија, а пријатната арома која ја поседува е одлична во различни јадења. Истолчете шест до седум листови босилек и измешајте ги со една лажичка мед. Секое утро на гладно земајте по една лажица од оваа мешавина, а како резултат на тоа ќе го подобрите имунитетот и ќе ја намалите хипертензијата.

Лавандата го намалува стресот

Лавандата се користи како средство за ублажување на стресот и напнатоста. Сушените листови од ова ароматично растение може да ги додадете во вашата бања и на тој начин сами да си направите ароматерапија.  Исто така, можете да додадете 1 лажица цветови од лаванда во врела вода и да си направите вкусен чај кој опушта. Некои истражувања покажаа дека аромата на лаванда го снижува високиот крвен притисок , па тоа ги доведува лицата во парасимпатичка состојба, односно во опуштена состојба.

Жалфијата е лек за многу нешта

Терапијата со жалфија може да се применува од внатре и надворешно. Одлична е за враќање на енергијата, прочистување на црниот дроб, за подобра работа на органите за варење, грлото и усната празнина. Ако имате проблем со воспалени крајници или слузница на усната шуплина, како и во случаи кога е воспалено грлото, се припрема чај. Чајот во овие случаи се подготува така што се сврелува еден литар вода, со кој се потопува 1 лажица суви листови од жалфија. Ако подготвувате чај во шолја, земете 1 лажичка суви листови од жалфија и прелијте ја со вода која претходно сте ја сврелиле, а потоа оставете да врие 5 минути и на крај оставете да стои 10 минути поклопено и настрана од огнот. Од вака припремениот чај се пијат по 2 шолји на ден.

Рузмаринот го подобрува памтењето

Доволно е да го помирисате и тоа ќе ви ја разбистри главата. Ова било познато уште од времето на античка Грција кога студентите ставале гранчиња рузмарин во косата додека учеле. Освен памтењето, рузмаринот ја подобрува и концентрацијата.

Домашниот папрат го прочистува воздухот

Собните растенија како што е домашниот папрат може да го прочистат воздухот во вашиот дом од штетните токсини како азбест, пестициди, детергенти и сл. За ефикасно да го прочистите воздухот во просторијата треба да внесите две до три саксии со папрат, но растенијата мора да се одделени едно од друго за да можат да дишат.

Нането ублажува стомачни тегоби

Чајот од нане може да го користите за ублажување на обичните или утринските мачнини. Едноставно во врела вода додајте неколку суви листови нане и процедете го чајот после половина час. И свежите листови нане може да ви помогнат да имате свеж ден.

Магдоносот ги ублажува алергиите

Магдоносот може да помогне во намалувањето на лачењето на хистамин, соединение кое предизвикува алергија на полен. Две лажици суви листови на магдонос додајте ги во врела вода и почекајте 10 минути, процедете ја течноста и пијте ја како чај без притоа да ја засладувате.

Алое вера ги намалува болката и отокот

Алое вера содржи различни соединенија кои ги ублажуваат болката, воспалителните процеси, отоците, црвенилото и иритацијата на кожата. Потребно е само да пресечите лист од алое вера и со него да го премачкате болното место. Оваа билка го забрзува процесот на заздравување и го спречува настанувањето на инфекции на повредената кожа.

Ви препорачуваме да прочитате: Одгледување на зеленчук и лековити билки во куќа или стан.

Сподели: