зајакнување на имунитетот 1

5 совети за зајакнување на имунитетот во есен

Есента е предизвик за човечкиот имун систем. Се намалува изложеноста на сонце и изборот на храна богата со витамини и минерали е помал. Во овој период најчесто се јавува умор, а се активираат и бактерии и вируси кои предизвикуваат настинки и грип. Прочитајте ги нашите 5 совети за зајакнување на имунитетот во есен.

Поголемиот дел од клетките на имуниот систем се наоѓаат во дигестивниот систем. Она што го јадеме е од голема важност за нашето здравје. Затоа е потребно паметно да се избираат намирниците и истите да бидат свежи, сезонски и што помалку преработени. Нека вашата чинија биде полна со природни бои: зелена, црвена, виолетова…

зајакнување на имунитетот 2

Балансираната исхрана помага за силен имун систем

Правилната и балансирана храна богата во витамини и минерали го зајакнува имунитетот. А, во есен витамини има помалку, па тој период не е добар за диети затоа што тогаш дополнително се намалува имунитетот. Во есенските денови изборот на храна богата со витамини и минерали е помал, но сепак доволен за подобрување на имунитетот ако добро знаеме да ги искористиме намирниците кои ни се на располагање. За зајакнување на имунитетот, во исхраната вклучете:

  • лук
  • кромид
  • јаболка
  • грозје
  • млечни производи
  • јаткасти плодови
  • мешунки
  • риба
  • мед
  • ѓумбир
  • цвекло
  • зелка
  • морков
  • брокула
  • тиква.

Подеднакво важно е и да знаеме која храна треба да се избегнува. Намалете го внесот на нездрави масти, шеќери, адитиви, брза храна и преработена храна.

Вежбањето е важно за подобрување на имунитетот

Умерената физичка активност е значајна за одржување на здравјето. Преку вежбањето се ослободуваат наталожените токсини, а и се намалува стресот. Исто така, вежбањето ја подобрува циркулацијата на крвта и на тој начин се зголемува работата на белите крвни зрнца важни за заштита од болести.

Сонот дава енергија на организмот

Кога организмот е исцрпен, нема сила да се бори со бактериите и вирусите. Недоволниот сон доведува до намален имунитетот и организмот е поподложен на инфекции, настинки и грип. Се препорачува непрекинато спиење од 6 до 8 часа и тоа доколку е можно навечер. Така, организмот ќе биде поодморен и ќе може да се заштити од штетните влијанија.

Грижа за хигиената

Во текот на денот допирајќи разни површини, доаѓаме во контакт со многу бактерии. За зајакнување на имунитетот, треба да се обрне внимание рацете да бидат чисти пред подготовка и консумирање на храна. Се разбира, важно е и храната да биде миена и правилно обработена.

Витамини и минерали кои ги препорачуваме за јакнење на имунитетот

Зголемете го внесот на минералите цинк, железо и селен, како и на витамините Ц, Б6 и Б9 кои ќе ви помогнат да ја дочекате есента со силен имун систем.

Цинк

L-OptiZinc® е форма на комплекс на цинк со аминокиселина метионин. Придобивките од цинкот се:

  • имунолошка поддршка
  • поддршка на ензимската функција
  • антиоксидантни својства
  • клеточна заштита
  • здрав вид и нормална когнитивна функција
  • здрава кожа, коса и нокти.

L-OptiZinc® е 1:1 комплекс на цинк и метионин. Цинкот се содржи во сите клетки и е одговорен за над 300 ензимски реакции во организмот. Важен е за апсорпција на витаминот А и одржување на нормално ниво на витамин Е во организмот, за силен имун систем, добра функција на половиот систем кај мажи и жени, простата, потенција и неплодност, стимулира  и штити од алергии и кожни болести како псоријаза.

Селен

Селенот е есенцијален минерал што се наоѓа во многу мали количества во организмот. Во комбинација со витамин Е, витамин Ц и бета каротен принесува за намалување на нивото на лошиот холестерол. Претставува дел од антиоксидантните ензими кои ги штитат клетките од оштетување, нивно стареење и смрт. Во текот на метаболизмот се создаваат слободни радикали кои можат да доведат до промени во клеточните мембрани, а селенот учествува во апсорпцијата на овие слободни радикали со што ги спречува нивните дејствувања. Покрај антиоксидативната заштита, овој минерал помага во јакнење на имунитетот, намалување на симптомите на астма и ја подобрува функцијата на тироидната жлезда. Како таков го препорачуваме Selenium од Now Foods.

Дополнителна количина на селен се препорачува кај вегетаријанци, спортисти, луѓе кои се на нискокалорични диети, кај намален имунитет, лица кои се изложени на зрачење, долготрајна употреба на лекови кои го намалуваат холестеролот, таблети за контрацепција, лаксативи, консумирање на тутун и алкохол.

Витамин Ц

Иако преку исхраната најчесто се внесуваат доволни количини од овој витамин, во периодот кога изборот на храна богата со витамин Ц е мал, се препорачува дополнителен внес во вид на суплемент. А, нашите пријатели Тримекс имаат уникатна и патентирана не-киселинска форма на витаминот Ц. Станува збор за AlphaSorb-C. Витаминот Ц е познат како антиоксиданс кој може да ги заштити клетките на телото од оштетувања од слободните радикали. Се препорачува при настинка, грип и инфекции. Витаминот Ц помага и при алергии, лечење на рани, создавање на колаген. Метаболитите на AlphaSorb-C ја зголемуваат ефикасноста на витаминот Ц, го зголемуваат степенот на искористливост на витаминот Ц за два пати во однос на стандардниот витамин Ц, што е многу значајно во процесот на оздравување. Се складира во клетките и ткивата двојно подолго со што му обезбедува на организмот поголема можност да апсорбира витамин Ц.

зајакнување на имунитетот 3

Повеќе за производите на Тримекс може да најдете на нивната онлајн продавница од каде може и да ги нарачате со бесплатна достава, а ги има и во повеќето аптеки низ земјава.

Ви препорачуваме да прочитате: Д-р Нела советува: 6 симптоми кои укажуваат на паднат имунитет.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: