esenski svekjnici vo tegla 1

Декоративни есенски свеќници од тегла

Eсента е едно од најживописните и најколоритните годишни времиња. Затоа, инспирирани од убавината на ова годишно време, споделуваме со вас еден креативен направи сам проект со кој ќе ја доловите есенската магија во вашиот дом. Станува збор за декоративни есенски свеќници од тегла.

Иако се наменети за есен, овие свеќници може да го красат вашиот дом преку целата година, бидејќи едноставно се прекрасни. Ова е доказ дека стаклените тегли може да ги искористиме на многу корисни начини, а есента е одлична инспирација за тоа.

Како да направите декоративни есенски свеќници од тегла?

Постапката за изработката на овие свеќници од тегла е многу едноставна и истата може да ја погледните и на следново видео. На вас останува само да и се препуштите на креативноста и со помош на малку фантазија и есенски лисја да направите вистинска уметност од старите тегли.

esenski svekjnici vo tegli 2

Потребни материјали:

  • тегла
  • есенски лисја (вештачки или вистински)
  • лепило за декупаж
  • четка
  • украсен конец, слама/рафија или лента
  • медицински алкохол
  • миризлива свеќа.

Начин на подготовка:

  1. За почеток, добро исчистете ја теглата од надворешната страна од сите нечистотии и внимателно отстранете ги сите траги од налепници.
  2. Потоа, добро пребришете ја со медицински алкохол и оставете ја да се исуши.
  3. Со помош на четка врз теглата нанесете лепило за декупаж.
  4. Потоа, залепете есенскиот лист и врз него премачкајте нов слој на лепак. Доколку листот не се залепи веднаш за теглата, врз него нанесете неколку слоеви на лепак.
  5. Лепете ги листовите еден врз друг и направете си ваш уникатен дезен. Не мора да ја обложите целата тегла со лисја. Може да оставите празнини низ кои подоцна подобро ќе се пробива светлината од свеќата.
  6. Откако ќе ги залепите сите лисја оставете ја теглата добро да се исуши.
  7. Околу отворот на теглата направете панделка од украсен конец, рафија или лента.
  8. За крај, во теглата ставете една миризлива свеќа и вашата есенска декорација е спремна да го краси вашиот дом.

Ви препорачуваме да прочитате: Декоративни свеќници од тиква.

Сподели: