стресот и телесната тежина

Имате вишок на килограми? Под стрес сте?

Ако имате проблем со килограмите, тоа може да се должи на многу фактори. Нешто за што треба да размислите сепак е, дали се чувствувате под стрес? Многу често, како причина за прекумерниот вишок на килограми е стресот. 

Поврзаноста помеѓу стресот и покачувањето на телесната тежина не е комплексна тематика. Стресот може да биде исклучително опасен за вашето здравје, вклучувајќи и да ве чини добра фигура. Вистината е дека стресните луѓе полесно можат да накачуваат тежина, а најмногу затоа што прават одредени грешки. Кога луѓето се чувствуваат стресно, барајќи удобност се свртуваат кон храната. За да биде уште полошо, ние наместо здрава храна одбираме брза, крцкава или т.н. забавна храна, што од друга страна значи дека нивото на калории рапидно расте.

вишок на килограми

Со текот на времето, ваквиот калориски дисбаланс може да доведе до зголемување на телесната тежина и да го зголеми ризикот од развој на здравствени проблеми поврзани со телесната тежина, како што се висок холестерол и дијабетес (шеќерна болест). За среќа, знаејќи ги овие информации пробајте да си помогнете и да направите подобри и поздрави избори дури и кога сте под стрес.

Совети за избор на храна кога сте под стрес

Така, наместо да грабнете чоколадо, сладолед, торта, колачи и сл., следниот пат кога ќе се почувствувате вознемирени или под стрес изберете јаболко, полна рака со бадеми, мала порција на нискокалорични пуканки, или пак доколку имате огромна желба за благо многу може да ви помогне сувото овошје, како што се на пример, урмите и смоквите кои се доста благи, но се природен и здрав избор.

Како значајна алтернатива за намалување на нивото на стрес и ослободување од него, можете да применувате физичка активност како пешачење, вежбање фитнес, вежби со тегови, трчање, зумба, разни поединечни и групни спортови, скиење, пливање или било каква друга физичка активност која е погодна за вашиот организам, одговара на сезонскиот карактер на времето итн.

Разговорот со близок пријател или слушање на погодна музика за вашите уши исто така помага во редуцирање на стресот и анксиозноста.

Ви препорачуваме да прочитате: 9 намирници против стрес.

Сподели: