есенцијални масла 1

Како и за што се користат некои есенцијални масла?

Дали сте под стрес и барате начин да се релаксирате? – Препуштете се на ароматеријата. Ароматерапијата е форма на алтернативна медицина која ги користи растенијата како материјали. Од нив се добиваат етерични или есенцијални масла и други ароматични соединенија.

Во последно време, есенцијалните масла стануваат сѐ попоуларни и тоа со право! Примената на ароматерапијата во вашето секојдневие ќе ви го подобри здравјето, убавината и психичката состојба. Таа може да го намали стресот, да ја отстрани депресијата и несигурноста, да го подобри сонот и да ве исполни со енергија. За таа цел ве запознаваме со некои есенцијални масла кои се достапни кај нас и може да ви помогнат за освежување, релаксација, намалување на стресот, за мирен сон…

есенцијални масла 2

Есенцијално масло за освежување

Есенцијалното масло за освежување e aроматично масло со освежувачка арома за моменти после тежок напорен ден. Ја ублажува анксиозноста и стресот, а ја зголемува концентрацијата и будноста.

Придобивки:

  • Го освежува воздухот во просторијата
  • Го подига расположението
  • Намалува тензија и стрес
  • Ја зголемува енергијата
  • Ги поттикнува сетилата
  • Ја зголемува концентрацијата и будноста

Есенцијално романтично масло

Есенцијално романтично масло e aроматично масло со нежна романтична арома која ќе ти овозможи убава, релаксирана  и спокојна ноќ.

Придобивки:

  • Создава романтична атмосфера
  • Ги опушта нервите и емоциите
  • Го намалува стресот
  • Идеално масло за масажа (ставете 1-2 капки во маслото за масажа) и сауна.

Есенцијално масло за смирување

Есенцијалното масло за смирување e етерично масло кoe помага за смирување при грчеви  на телото, емоционални промени, стресови и гадење. Дава ефект на ладење на кожа и помага при постигнување на урамнотеженост на емоциите при стрес.

Придобивки:

  • Има пријатна миризба која смирува
  • Ги опушта нервите и емоциите
  • Го намалува стресот
  • Ја намалува анксиозноста и болката
  • Идеално за релаксација и спа центри.

Есенцијално масло за добра ноќ

Есенцијалното масло за добра ноќ e aроматично масло со нежна арома кое помага побрзо да заспиете и да имате подобар и поквалитетен сон. Користете го пред да одите на спиење.

Придобивки:

  • Овозможува квалитетен сон
  • Го релаксира умот и телото
  • Го намалува стресот
  • Помага при заспивање.

Есенцијално масло за релаксација

Есенцијалното масло за релаксација е ароматично масло со релаксирачка и смирувачка арома за моменти на спокој и леснотија после напорен ден. Ја ублажува анксиозноста и стресот, а депресијата и напнатоста ги држи подалеку од вас.

 Придобивки:

  • Ослободува од непријатна напнатост
  • Го релаксира умот и телото
  • Дава мир и спокојство
  • Ја подобрува циркулацијата
  • Идеално за релаксација и спа.

Есенцијално масло за намалување на стресот

Есенцијалното масло за намалување на стресот е ароматично масло со природна формула кое помага за справување со стресот и има смирувачки ефект. Брзо делува, може да се користи по потреба. Има дејство како тоник за смирување на анксиозноста и ја зајакнува способноста на телото да се справи со секојдневниот стрес.

Придобивки:

  • Го намалува стресот
  • Го подобрува расположението
  • Го релаксира умот и телото
  • Ја намалува анксиозноста и болката
  • Идеално за релаксација и спа.

Како се користат овие есенцијални масла?

Начин на употреба:

  1. Бања: При бањање во кадата ставете 3-5 капки.
  2. Туш: Ставете 1-2 капки на подот од туш кабината.
  3. Дифузер: Ставете неколку капки во дуфузерот за испарување во вашата соба или работна просторија, или на специјален свеќник за етерични масла.

Начин на чување: Да се чува вон дофат од деца, на ладно место, заштитено од светлина и високи температури. Да не се чува во фрижидер.

Предупредувања: Избегнувајте директен контакт со кожата и чувствителни места. По употреба на производот убаво затворете го шишето.

Ви препорачуваме да прочитате: Совети за правилно користење на етерични масла.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: