Како растителните влакна може да го намалат ризикот од карцином?

Како растителните влакна може да го намалат ризикот од карцином?

Растителните влакна се многу важни и во исхраната треба да се внесуваат што е можно повеќе, преку избор на здрави и разновидни намирници. Докажано го намалуваат количеството на гликоза во крвта, го штитат организмот од дијабетес, срцеви заболувања и го снижуваат лошиот холестерол. Но, нивната најголема важност е во тоа што тие се заслужни за правилната дигестија на цревата, го намалуваат внесот на калориите и помагаат во одржување на нормална телесна тежина, што е од клучно значење во намалување на ризикот од рак на цревата.

Растителни влакна за превенција на рак на цревата

Согласно со Американскиот Институт за истражувања на карциноми, намирниците кои се богати со растителни влакна може да го намалат ризикот од колоректален карцином – рак на цревата.

Адриана Салмон, нутриционист од MD Anderson, вели: „Исхраната богата со растителни влакна може да ви помогне за намалување внесот на калориите, а со тоа да ви помогне во одржување на нормална телесна тежина, што е од клучно значење во намалување на ризикот од карцином.

храна за превенција на рак на цревата

Придобивки од растителните влакна

Освен превенцијата на карциноми, внесот на растителни влакна обезбедува бројни придобивки, меѓу кои:

Овозможуваат да бидете сити подолго време

Растителните влакна содржат јагленихидрати кои луѓето не можат да ги сварат. Исто така, ја намалуваат брзината со која храната и пијалаците се движат низ желудникот. На тој начин овозможуваат ситост подолго време по оброкот или ужината богата со нив.

Можат да ви помогнат за одржување на нормална телесната тежина, а со тоа и намалување на ризикот од рак на цревата

Најчесто храната која е богата со растителни влакна има малку калории. Тоа е од особена важност за одржување на здрава телесна тежина, која како што споменавме, е еден од значајните фактори за намалување на ризикот од карцином и други болести.

Растителните влакна може да ви помогнат за намалување на холестеролот

Некои растителни влакна може да ви помогнат за превенција на апсорпцијата на масти и холестерол. Тоа помага за намалување на холестеролот со текот на времето.

Помагаат за нормализирање на нивото на шеќер во крвта

Дали сте дијабетичар? Или пак сте под ризик од дијабетес? Растителните влакна позитивно влијаат на одржување на нормално ниво на шеќер во крвта и помагаат намалување на брзите скокови на гликозата.

Го олеснуваат движењето на храната низ цревата и помагаат при запек

Дали имате дигестивни проблеми? Додавањето на растителни влакна во исхраната може да ја заштити цревната слузокожа и да го поттикне движењето на храната низ цревата. На тој начин, растителните влакна го олеснуваат празнењето на цревата и помагаат при запек.

Извори на растителни влакна

Нутриционистите советуваат дека жените дневно треба да се внесуваат околу 25 грама растителни влакна, додека мажите дури 38 грама. Повеќето луѓе веруваат дека растителните влакна ги има само во житарките, но постојат уште многу други намирници кои изобилуваат со нив, а не содржат јаглени хидрати.

Инулин за подобро варење на храната

Инулините се природни полисахариди кои припаѓаат во групата на растителни влакна познати како фруктани. Тие се наоѓаат во состав на овошјето и зеленчукот, а им служат на растенијата за складирање на енергија. Инулините не се наоѓаат во целото растение, туку воглавно се концентрирани во коренот или кртолите.

инулин

Консумацијата на инулин спречува констипација и ја помага работата на цревата

Инулинот спречува појава на констипација (запек) и ја помага правилната работа на цревата:

  • го поттикнува развојот на нормалата цревна флора
  • го олеснува движењето на храната низ цревата.

Благодарение на тоа, во алтернативната медицина се користи за слабеење, против запек, одржување на нормална телесна тежина и за превенција на карцином на дебелото црево. А тоа е докажано и со истражувања. Имено, една студија која го истражувала влијанието на инулинот врз констипацијата кај постарите лица, докажала дека со консумација на 15 грама инулин на ден, во рок од еден месец, се подобрило движењето на храната низ цревата кај испитаниците.

Инулин во форма на прав како додаток во исхраната

Инулинот кај нас е достапен како додаток во исхраната – прашок и може да се користи како замена за шеќерот. Го препорачуваме Inulin од NOW, кој е сертифицирано органски, чист прашок, нуди пребиотска дигестивна поддршка, ги храни добрите бактерии, има многу низок гликемиски индекс, а е добиен од сина агава. Повеќе информации за инулинот прочитајте на веб страницата на Тримекс, од каде што може и да го нарачате.  За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги Тримекс на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на нивниот e-mail: info@trimeks.com.mk.

Растворливи и нерастворливи растителни влакна – извори од храната

Постојат два типа на растителни влакна: растворливи и нерастворливи. Двата се дел од здравата исхрана и може да ви помогнат за намалување на ризикот од карцином. Растворливите растителни влакна ја привлекуваат водата и ја претвораат во гел за време на варењето на храната и на тој начин го забавуваат процесот. Може да се најдат во:

  • овес
  • јачмен
  • јаткасти плодови
  • семиња
  • грашок
  • авокадо
  • портокали
  • прокељ.

Нерастворливите растителни влакна помагаат храната побрзо да помине низ желудникот и цревата. Може да се најдат во:

  • јаболка
  • житарици во цело зрно
  • пченични трици.

Како да додадете растителни влакна во исхраната?

Започнете постепено да ги вклучувате растителните влакна во исхраната и пијте доволна количина на вода. Со секоја храна треба да бидете умерени, па и за растителните влакна важи тоа правило. Доколку внесете повеќе растителни влакна може да почувствувате непријатност и гасови.

Ви предлагаме да прочитате: Што е инулин и зошто е добар за здравјето?

*Спонзориран текст

Сподели: