Кисела зелка - штити од рак и ги помага варењето и имунитетот

Кисела зелка – штити од рак и ги помага варењето и имунитетот

Позната е како храна на зимата и е одличен додаток на јадењата. Омилената кисела зелка не е само вкусен зеленчук, туку е и исклучително здрава хранлива намирница која со право е многу често застапена на зимските трпези.

Киселата зелка може најмногу да се сретне приготвена како сарма, подварок, салата или прилог со главно јадење, за што може да биде и печена. Поради традиционално пренесуваната љубов кон киселата зелка, а уште повеќе поради лековитиот состав кој му бил познат на народот со векови наназад, неа и е дадено почесно место на нашите трпези. Издвоивме 5 лековити својства на киселата зелка.

Позната е како храна на зимата и е одличен додаток на јадењата. Омилената кисела зелка не е само вкусен зеленчук, туку е и исклучително здрава хранлива намирница која со право е многу често застапена на зимските трпези.

Киселата зелка е природен пробиотик

Процесот на закиселување на овој зеленчук му овозможува пробиотички својства. Во процесот на ферментација учествуваат многу корисни бактерии кои поволно влијаат на варењето на храната. Заради тоа, со цел обновување на цревната микрофлора, киселата зелка особено се препорачува за опоравување после земање на антибиотици.

Одличен извор на витамин Ц

Оваа е една од најзначајните здравствени придобивки на киселата зелка, што е посведочено со податокот дека морепловците кои оделе на долги патувања и пловеле со месеци, заради превенција од појава на скорбут поради долготраен недостаток на витамин Ц, носеле со себе големи количини кисела зелка.

Делува превентивно против рак

Веројатно знаете дека брокулите, зелката и карфиолот се одлични намирници против рак, а една финска студија покажала дека киселата зелка штити многу повеќе од рак, споредено со свежа зелка. Тоа се должи на изотиоцијаните кои се создаваат при процесот на киселење и имаат антиканцерогено дејство. Исто така, глукозинолатите во киселата зелка помагаат за активирање на природните антиоксидантни ензими кај луѓето, а флавоноидите пак ги штитат ѕидовите на артериите од оштетување.

Ги зајакнува коските

Високата содржина на минерали во киселата зелка ја прават одлична за зајакнување на коските и пренција од остеопороза. Покрај тоа, содржи и доста витамин К кој е значаен за здравјето на коските и помага во регулирзњето на минерализацијата на коските.

Придонесува за здраво срце

Високата содржина на растителни влакна во киселата зелка ја прават одлична намирница за правилно варење на храната, но и за здравјето на срцето и мозокот. Влакната придонесуваат во регулирање на нивото на лошиот холестерол, а со тоа се намалува ризикот од артериосклероза, срцев и мозочен удар.

Сподели: