карфиол

Карфиол за витка линија и одлично здравје

Заради своите енергетски, хранливи и лековити вредности, карфиолот делува многу позитивно против болестите кои се јавуваат и настануваат како резултат на современиот начин на живот.

Карфиолот е зеленчук кој потекнува од Мала Азија и Медитеранот. Веќе неколку илјади години во исхраната се користи во различни облици, а сегашниот облик на карфиолот во светот почнал да се користи во 15-тиот век. Бидејќи карфиолот е добиен со вкрстување на сорти, а потекнува од групата на зелки – заради корисните состојки во народот е познат како „културна зелка“. Разликуваме бел и виолетов карфиол, а и двата се одликуваат со слични особини.

Хранливи вредности на  карфиолот

Карфиолот е сличен на брокулата, а во 100 грама ги има следните хранливи вредности:

  • 25 калории
  • 3 грама растителни влакна
  • 2 грама протеини
  • 5 грама јагленохидрати
  • 4 мг витамин Ц со што се задоволуваат 77% од дневните потреби на организмот за овој витамин
  • останати витамини: витамин К, Б6, фолна киселина, тиамин и рибофлавин.
  • минерали: железо, калиум, калциум, сулфур и фосфор.
карфиол

Како може да се употребува карфиолот во исхраната?

Карфиолот во исхраната се користи свеж како додаток во салата, готвен (супа или чорба без месо или со месо), похован, како додаток во разни јадења, а исто така и закиселен како зимска салата (туршија). Бидејќи е осетлив најдобро е да го чувате во фрижидер, така што свежиот карфиол ќе трае до неколку дена.

Бидејќи содржи многу малку калории, а многу корисни состојки, карфиолот се препорачува при диети и овозможува чувство на ситост подолго време, а многу поволен е и во исхраната на бремените жени.

Не се препорачува да го консумираат лица кои страдаат од цревно-желудочни заболувања.

Здравствени придобивки од карфиолот

Имајќи во предвид дека карфиолот содржи доста лековити материи и антиоксиданси, докажано е дека влијае поволно врз организмот и ја помага неговата борба против следните болести:

  • Алергија
  • Анемија
  • Артритис
  • Астма
  • Болести на дишните органи
  • Болести на забите
  • Болести на срцето
  • Болести на усната шулина и грлото
  • Депресија
  • Воспаленија
  • Импотенција
  • Истегнати мускули и лигаменти
  • Лечење на рак
  • Менопауза
  • Мултипла склероза
  • Недостаток на апетит
  • Неплодност
  • Несоница
  • Нестабилен крвен притисок
  • Остеопороза
  • Настинка и грип
  • Проблеми со косата
  • Проблеми со метаболизмот
  • Проблеми со нивото на холестерол во крвта
  • Повреди на кожата и кожни заболувања
  • Проблеми со простата
  • Проблеми во бременоста
  • Зголемена телесна тежина
  • Воспаленија на синусите
  • Стрес
  • Хемороиди
  • Шеќерна болест

Истражувањата покажале дека покрај антиоксидансната улога, карфиолот има значајна улога и дејствува како чистач на организмот од штетните материи (детоксикација) која е резултат на нездрава и лоша исхрана, како и загадувањето на средината и зрачењето на организмот.

Карфиолот не е минлива мода, туку многу корисна намирница и добар природен лек за превенција и лечење на многу болести заради што е пожелно често да се користи во исхраната.

Сподели: