Брз рецепт за печен карфиол во рерна

Одлична идеја за ручек или вечера! Брз и вкусен рецепт за печен карфиол во рерна кој сигурно повторно ќе сакате да го направите. Може да го послужите како засебен оброк, во комбинација со сос или како гарнир со главното јадење.

крем супа од карфиол 1

Брза крем супа од карфиол и праз

Лесно направете крем супа од карфиол и праз! Сѐ што ви треба се неколку состојки и малку време за да подготвите супер вкусно и хранливо предјадење за целото семејство. Во оваа супа ќе уживаат сите, па дури и оние кои не обожаваат карфиол.

Кремаста супа од карфиол

Време е за нешто топло и кремасто! Ви предлагаме да направите супа од карфиол која ќе ве стопли во ладните денови и ќе ви го зајакне имунитетот. Се подготвува брзо и лесно, а вкусот ќе измами насмевка кај вашите најмили. Рецептот го најдовме на Инстаграм блогот на нашата пријателка и нутриционист Симона. Сигурни сме дека ќе го обожавате и ќе го подготвувате често.

Запечен карфиол со јајца

Запечен карфиол со јајца, павлака и кашкавал

Ние ги обожаваме сезонските рецепти, а сега пазарите изобилуваат со карфиол.  Време е да набавите едно големо парче од овој здрав и вкусен зеленчук и да направите превкусен ручек за целото семејство. Ова е едно од оние јадења кои имаат потенцијал да станат ваши омилени. Па, нека во вашиот дом мириса на запечен карфиол со јајца, павлака и кашкавал.

Руска мешана салата во тегли 1

Руска мешана салата во тегли

Еднаш се прави, а се јаде преку цела зима. Особено многу ќе ви се најде штом ви се најават гости, а немате време за подготовка на мезе. Всушност и нема некој кој не ја обожава добро познатата руска мешана салата.

Крцкав печен карфиол во сос од кечап

Време е за нов гурмански предизвик! Ако обожавате похуван карфиол, а немате идеја за ручек, вие сте на правото место. Овој пат, пробајте го нашиот рецепт за крцкав печен карфиол во сос од кечап, кој сигурно ќе ви се допадне. Вака подготвениот карфиол може да го послужите и како мезе со некој интересен сос или како гарнир за месо. Ова јадење е доволно хранливо да се послужи и како самостоен оброк во комбинација со свежа салата!

4 бенефити од консумирање на карфиол 1

4 бенефити од консумирање на карфиол

Претходно пишувавме за антиканцерогените својства на карфиолот, но неговата моќ не запира тука.  Неговиот широк спектар на витамини и антивоспалителни својства помагаат за превенција на многу  други нарушувања на здравјето. Здравиот карфиол помага против борба против дијабетес, срцеви заболувања, при проблеми со очите, хормонален дисбаланс, Паркинсонова болест,  Алцхајмер, итн.

Мусака од карфиол и мелено месо

Карфиол е многу здрав зеленчук и може да се консумира на различни начини. Можеби досега сте правеле салата или сте го јаделе свеж, а сега е време да пробате нешто ново. Нашата читателка Елена, ни испрати рецепт за мусака од карфиол.

карфиол за превенција

2 причини да консумирате карфиол за превенција од карцином

Карфиолот често се смета за едeн од најздравите зеленчуци во светот, а има и добра причина зошто е тоа така. Тој изобилува со фитохемикалии и високо ниво на антиинфламаторни соединенија  кои се способни да спречат рак, срцеви заболувања, заболувања на мозокот, па дури и покачување на телесната тежина. Па, практикувајте често да консумирате карфиол за превенција од карцином! Неговата моќ е чудесна, а сега го има во изобилство на нашите пазари и од него може да припремите разни варива, супи и салати.

„ориз“ од карфиол

Како да подготвите безглутенски „ориз“ од карфиол?

Доколку сакате да експериментирате во кујната и да дегустирате нешто ново, поразлично, а здраво, време е да го пробате „оризот“ од карфиол. Овој безглутенски ориз од карфиол е одличен начин да го намалите внесот на калории. А, покрај тоа на овој начин можете да вметнете уште еден оброк од зеленчук во вашето дневно мени.

Закиселен карфиол во тегли  – жива туршија

Време е за зимница! Кога подготовката е во полн ек, сите сме во потрага по рецепти кои се испробани и вкусни. Па, ако обожавате карфиол ви предлагаме да го пробате овој рецепт. Предлогот за закиселен карфиол во тегли ни доаѓа од кујната на Лана.