Закиселен карфиол во тегли  – жива туршија

Време е за зимница! Кога подготовката е во полн ек, сите сме во потрага по рецепти кои се испробани и вкусни. Па, ако обожавате карфиол ви предлагаме да го пробате овој рецепт. Предлогот за закиселен карфиол во тегли ни доаѓа од кујната на Лана.

Таа вели дека на овој начин, може да се приготвува жива туршија и со краставички, но и со друг зеленчук. А сакате да си направите обарен карфиол во тегли кој може да го користите во различни салати, пржени јајца или сосови ви предлагаме да го прочитате рецептот за карфиол во тегли. Овој рецепт не содржи конзерванси, а е испробан во нашата кујна.

закиселен карфиол во тегли

Состојки:

  • 5 кг карфиол
  • 4 литри ладна вода
  • 1 литар киселина (9%)
  • 150 грама сол
  • 150 грама шеќер
  • 1 ќесичка винобран (10 г)
  • 1 гранче сушен копар
  • ½ ќесичка семе од синап
  • 30 зрна црн пипер
  • 1 – 2 корен од рен.

Подготовка:

  1. Карфиолот исечете го на цветови и ставете го во вода да постои некое време. Ако приготвувате поголема количина доволно е зеленчукот да го распоредите во буре или поголем пластичен сад со капак. Помеѓу слоевите може да ставите гранчиња копар, сушени или свежи, а може и излупен корен од ред за подобра арома.
  2. Цветовите од карфиол ставете ги во тегли.
  3. Во длабоко тенџере ставате 4 литри ладна вода, додајте ја киселината и сите останати состојки по ред (сол, шеќер, кесичка винобран и зачини). Измешајте ги состојките и течноста турете ја во теглите. Нема потреба растворот да се вари.
  4. Теглите добро затворете ги и ставете ги на ладно место. Зимницата може да се консумира по 30 до 40 денови, а трае и до 1 година. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Подготовка на здрава зимница без конзерванси.

Сподели: