Кремаста супа од карфиол

Време е за нешто топло и кремасто! Ви предлагаме да направите супа од карфиол која ќе ве стопли во ладните денови и ќе ви го зајакне имунитетот. Се подготвува брзо и лесно, а вкусот ќе измами насмевка кај вашите најмили. Рецептот го најдовме на Инстаграм блогот на нашата пријателка и нутриционист Симона. Сигурни сме дека ќе го обожавате и ќе го подготвувате често.

Карфиолот се смета за едeн од најздравите зеленчуци во светот, а има и добра причина зошто е тоа така. Тој изобилува со фитохемикалии и високо ниво на антиинфламаторни соединенија  кои се способни да спречат рак, срцеви заболувања, заболувања на мозокот, па дури и покачување на телесната тежина. Па, практикувајте често да консумирате карфиол за превенција од карцином! Неговата моќ е чудесна, а сега го има во изобилство на нашите пазари. Не двоумете се и направете ја оваа супа од карфиол што поскоро.

Кремаста супа од карфиол

Состојки:

  • 1 помала главица кромид
  • 1 чешне лук
  • 300 г карфиол
  • 1 морков
  • 1 стапче целер
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лажичка мешан зачин
  • сол по вкус
  • 1/2 лажичка мелена црвена пипер.

Подготовка:

  1. Карфиолот убаво измиете го и поделете го. Ставете го во тава, додајте една лажица маслиново масло и печете го околу 10 минути на 160 степени.
  2. Во меѓувреме, исечкајте ги кромидот, лукот, морковот и целерот. Кратко пропржете ги во тава со 1 лажица маслиново масло.
  3. Потоа, додајте го испечениот карфиол. Во садот додајте вода (околу 2cm над зеленчукот) и зачинте. Покријте го садот со капак и варете на ниска температура околу 15 минути.
  4. Супата оставете ја да се излади, а потоа изблендирајте ја. Декорирајте ја со црно семе по желба и послужете ја. На здравје!

Автор на рецептот: Симона Коруновска (instanutricionist).

Ви препорачуваме да прочитате: Чорба со печурки, спанаќ и овес.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: