колачи празнични бастунчиња

Како да направите колачи празнични бастунчиња?

Сакате ли да знаете како може да направите прекрасни колачи празнични бастунчиња? Воопшто не е тешко! Новата година ни е на прагот, а има ли подобар начин од можноста да ја започнеме со слатки колачи празнични бастунчиња? Уживајте во нив и бидете среќни додека може да уживате во празниците!

Состојки:

  • 1 чаша путер
  • 1 чаша шеќер во прав
  • 1 јајце
  • 1 ½ мала лажичка екстракт од бадеми
  • 2 ½ чаши брашно
  • 1 мала лажичка сол
  • ½ чаша кршени пеперминт бонбони
  • ½ чаша шеќер

Подготовка:

  1. Рерната загрејте ја на 190 степени.
  2. Во голем сад измешајте го путерот, шеќерот во прав, јајцето, екстрактот од бадем и ванила. Изматете го со миксер, за да се добие хомогена смеса. Потоа додадете го брашното, солта и повторно изматете ја смесата.
  3. Тестото поделете го на два дела. Во едниот дел додадете црвена прехранбена боја и измешајте.
  4. Од секој дел исучете ленти. Земете една бела и една црвена лента. Направете плетенка, а потоа обликувајте бастунче. Бастунчињата наредете ги во намрсена тава и печете ги во загреената рерна за време од 9 до 10 минути.
  5. Топлите бастунчиња, попрскајте ги со смесата од кршени бонбони и шеќер.

Сподели: