Која количина на месо е препорачливо да се сервира по лице 1

Која количина на месо е препорачливо да се сервира по лице?

Секојдневието на сите нас е полно со разни убави поводи и прослави, чести семејни собири и дружби со пријателите. Да се спрема вкусна храна во доволни количини, секогаш е предизвик, а посебно кога станува збор за главното јадење.  – Па, како да знаеме која количина на месо е препорачливо да се сервира по лице?

Во продолжение прочитајте неколку едноставни, но корисни совети и добредојдени и за искусни домаќини. Било да станува збор за 4 или за 40 лица, подеднаква е одговорноста за добро да процениме и да избереме. И не само количината, тука е и квалитетот на месото кое ќе го избереме да биде сервирано во порцијата со главното јадење. Изборот на квалитетно месо е основен фактор за да постигнете совршено вкусен оброк. Кога станува збор за свежо месо, наш избор се Агриа. Квалитетот на нивното месо се должи на домашното производство и запазувањето на принципот од „нива до трпеза“. Од Агриа имаат свои фарми, кланица и фабрика за производство на сточна храна која доаѓа од македонските полиња. Домашното е највкусно, нели? Па, посетете ги месарниците на Агриа (месарници имаат во Битола, Штип и Велес), или побарајте го месото во Тинекс и Рамстор маркетите. И секако, откако ќе го пробате, ве очекуваме со вашите впечатоци, сакаме да слушнеме, како ви се допадна!

Која количина на месо е препорачливо да се сервира по лице 3

Направете план за менито

Пред да се загрижите колку месо треба да купите, добро размислете и испланирајте го целосното мени:

  • Што друго ќе сервирате како прилог со месото, дали тоа ќе биде некој лесен печен зеленчук, пире, сос, или пак ќе сервирате тестенини или компири?
  • Кој начин на подготовка е најдобар за месото соодветно да одговара со прилогот и колку калира при подготовката?
  • Какви апетизери сакаат вашите гости и колку нахрануваат истите? – Кога ќе ги знаете одговорите на овие прашања, лесно ќе знаете прилично поточно која количина на месо ќе ви биде потребна за порцијата да биде скоро идеално искомбинирана.

Земете ја предвид улогата на месото во оброкот

Следно што треба да размислите е каква улога ќе има месото во порцијата. Дали тоа ќе има носечки удел и ќе биде сервирано со салата или лесен зеленчуков прилог, или ќе биде составен дел од јадењето во помала количина, на пример како кари или рагу? – Овој одговор, може да се смета за клучен момент кој детерминира која е точната количина на месо која треба да ја набавите, подготвите и сервирате.

Па, која количина на месо е препорачливо да се сервира по лице?

Правилниот одговор е индивидуален, но зависно од улогата на месото препораките се следните:

  • Кога месото има главна улога во јадењето, на пример, парче удина, стек, свинско или друго „печење“, печено пиле и слично, а прилогот е минимален, препорачуваме 220 грама, или до 340 грама по лице, за големи љубители на месо и за оние кои обожаваат да мезат после оброкот.
  • Кога месото има споредна улога во јадењето и е дел од кари сос оброк, е комбинирано со тестенини или е приготвено како рагу, препорачуваме 110 до 150 грама месо по лице во оброкот.
Која количина на месо е препорачливо да се сервира по лице 2

Совет плус: Од планираното секогаш имајте одредена количина на месо вишок. Подобро да остане мала количина, отколку да не стигне. Тоа ќе ве исполни вас како домаќин, а кај гостите ќе остави убав впечаток на гостопримство и добредојденост во наредна прилика.

Ви препорачуваме да прочитате: 9 кулинарски трикови за повкусно месо.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: