цртање со сол

Летна забава за најмалите – уметнички слики од сол

Овој начин на сликање со сигурност ќе го обожаваат децата, а е одличен начин за забава и за возрасните ова лето. Искористете го вашето слободно време во креативна дружба со вашите најмали. Наместо да ги оставите децата со часови да поминуваат пред телевизор, анимирајте ги на начин кој ќе ја развие нивната креативност и ќе влијае позитивно на нивниот интелектуален развој. Па, долгите летни вечери скратете ги така што ќе креирате уметнички слики со сол.

Начинот на сликање со помош на сол е навистина едноставен и забавен и истиот е прикажан на следното видео. Вклучете ја вашата имагинација и забавувајте се со вашите деца додека изработувате навистина интересни форми.  Крајниот резултат е неодолив, вреди да се обидете.

Потребни материјали:

  • кујнска сол
  • хартија или подлога за сликање
  • водени боички
  • четки за сликање
  • бело течно лепило.

Инструкции за сликање:

  1. Со помош на лепилото врз хартијата направете ги формите кои сакате да ги насликате. Цветови, срца, мачиња… секоја идеја е забавна и креативна.
  2. Врз формите од лепило посипете поголема количина на сол.
  3. Оставете го лепилото кратко да се исуши. Потоа со водените боички обојте ги формите од лепило. Може да комбинирате повеќе бои и на тој начин ќе добиете навистина интересни колоритни комбинации. Изборот на бои може да им го препуштите на децата кои со сигурност ќе бидат воодушевени од крајниот резултат.
  4. Понекогаш не мора да бидете уметници за да направите вистински ремек дела. А, задоволството е уште поголемо доколку во процесот на добивање на тоа уметничко дело биле вмешани и малите рачиња на вашите најмали.

Ви препорачуваме да прочитате:  6 необични начини да употребите ориз.

Сподели: