Пилинг со сол и шеќер против стрии и целулит 1

Пилинг со сол и шеќер против стрии и целулит

Убавото кај пилинзите е тоа што истите може многу лесно да се направат и дома од состојки кои се лесно достапни и евтини и кои речиси сите ги имаме во нашата кујна. Ние ви нудиме еден лесен рецепт за пилинг од сол и шеќер, кој покрај тоа што ги отстранува мртвите клетки помага и во борбата против целулитот и стриите.

Основната намена на пилинзите е отстранување на нечистотиите и мртвите клетки од кожата. Затоа тие треба да имаат абразивна структура. После нивната употреба кожата останува мазна, бидејќи самата постапка ја поттикнува циркулацијата на крвта и придонесува за подмладување на клетките. Морската сол е збогатена со јод и микроелементи кои ја обновуваат кожата и затоа за овој пилинг се користи токму таа. Додека пак како масло може да се употреби било кое природно масло кое ја хидрира кожата, како што се кокосовото и маслиновото.

Пилинг со сол и шеќер против стрии и целулит 2

Состојки:

  • 200 г морска сол
  • 200 г шеќер
  • 150 до 200 мл маслиново или кокосово масло.

Подготовка и употреба:

  1. Во стаклен сад промешајте ги солта, шеќерот и маслото, така што ќе добиете смеса со густина слична како јогурт.
  2. Вака подготвениот пилинг користете го секоја вечер при туширање или миење лице.
  3. Се нанесува со триење на проблематичните делови од кожата, така што ќе се масирате со кружни движења 2 до 3 минути.
  4. Потоа, едноставно исплакнете се со топла вода и нанесете ходратантен крем или лосион за тело.
  5. Резултатите се видливи по само еден месец редовна употреба на вака подготвениот пилинг. Ќе забележите дека стриите и целулитот се помалку забележливи.

Напоменa: Не треба да престанете со употреба на пилингот по забележувањето на првите позитивни ефекти, бидејќи со неговата редовна употреба возможно е скоро целосно да исчезнат стриите и целулитот.

Ви препорачуваме да прочитате: 4 совети против целулит и за полесно слабеење.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: