Лимонот сојузник за припрема на храната на најмалку 7 начини

Лимонот сојузник за припрема на храната на најмалку 7 начини

На сите ни е познато дека лимоните се корисни за разни нешта, од лимонада, па до употреба во кујната, како за готвење, така и за чистење. Овој пат, ќе обрнеме повеќе внимание од кулинарска гледна точка и ќе ги обработиме можностите кои го прават лимонот сојузник за припрема на храната.

Лимонот содржи 40-50% кисел сок кој е богат со витамин Ц. Затоа често го користиме кога пиеме чај, одличен е за подготовка на лимонада, во припрема на колачи или наместо киселина во салата. Но, освен тоа, лимонот е корисен сојузник при припремата на храната.

Лимонот сојузник за припрема на храната 2

Може да ве интересира: Лимон за чисти садови без детергент.

Подготовка на џем

Доколку на овошјето му додадете сок од лимон, времето на варење ќе биде значително пократко, а аромата подобра.

Готвење на риби

Ако многу пати досега ви се случило рибата да ви се распадне додека ја готвите, треба да знаете дека има решение. Доколку ја потопите рибата во сок од лимон пред да ја обработувате термички, тоа нема да се случи.

Гарнирање со лимон

Бидејќи лимонот во секој случај одлично се вклопува со рибата, еве еден мал трик да ја разбиете монотонијата. Наместо да ја сервирате рибата со кришки ладен лимон, ставете ги во тавата додека рибата се пржи. Лимонот ќе омекне и ќе прими од мирисот на рибата. Ќе изгледа атрактивно и ќе биде повкусно за јадење.

Овошна салата

Насеченото овошје брзо потемнува. Овошната салата ќе изгледа поубаво и посвежо ако насечканите намирници ги прелиеме со сок од свежо цеден лимон, а и вкусот ќе биде подобар.

Маринирање

Ако ја маринирате рибата, наместо да употребите киселина, во маринадата ставете лимон. Тоа ќе овозможи рибата да омекне, подобро да се пржи и да биде повкусна.

Тесто за колачи

Ако додадете само 1 лажичка лимонов сок во тестото за колачи, ќе биде многу подобра неговата структура и вкус.

Непријатни мириси

Доколку сечкате лук или кромид, мирисот од рацете можете да го отстраните така што ќе ги протриете рацете со лимон. Исто така, ако фрижидерот има некаков мирис, ставете во него пресечено парче од половина лимон и сите мириси ќе се неутрализираат во голема мера.

Ви препорачуваме да прочитате: 5 примени на лимоните како козметичко средство.

Сподели: