Дали знаевте дека античките Римјани први почнале да ја користат маринадата за месо? Како маринада, тие користеле морска сол која била разредена со вода. Денес, се користат и разни зачини и зеленчуци по вкус, а придобивките од маринирањето се огромни. Подготовката на маринадата е едноставна, нема да ви одземе многу време, а ќе го направи ручекот многу повкусен. А ако не знаете како правилно да го маринирате свинското месо, издвојте неколку минути и прочитајте ги нашите совети кои сигурни сме дека ќе ви бидат од корист.
