Најдобра маринада за сите видови на месо

Maринадите се најдобар начин за да се добие месо кое ќе биде сочно, меко и ќе ги содржи сите вкусови кои ги сакаме.

За да се добие посакуваниот вкус на месото, се препорачува истото одредено време да стои во маринадата, така што може на најдобар начин да ги прими вкусовите од состојките кои се користат.
Доколку сте големи љубители на месо и скара, оваа маринада е совршена за вас, а добро е тоа што може да се користи за сите видови на месо. Маринадата може да ја подготвите, да ја соберете во тегла и да ја употребувате по потреба.

маринада-за-месо

Состојки:

  • 1/2 чаша кафеав шеќер
  • 1/4 чаша мелена сува црвена пиперка
  • 1 лажица црн пипер
  • 1 лажица сол
  • 1 лажица чили во прав
  • 1 лажица кромид во прав
  • 1 лажица лук во прав
  • 1 лажичка ким

Подготовка:

  1. Измешајте ги сите состојки, а потоа маринадата ставете ја во тегла.
  2. Месото премачкајте го и оставете го во маринадата најмалку 30 минути. За подобар ефект и вкус оставете месото во фрижидер преку ноќ.

Во оваа маринада по желба можете да додадете некои други зачини како што се: ѓумбир во прав, рузмарин за јагнешко месо, додека за свинско месо совршено одговара додаток од мелен лаворов лист или малку кора од портокал.

Сподели: